• Latest

Полска продиша, Европа може да здивне: Се враќа ли демократијата во срцето на Европа?

October 18, 2023

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
FOX 5 New York

Судот ги отфрли обвиненијата за тероризам против осомничениот за убиство на извршниот директор на „ЈунајтедХелткер“

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Полска продиша, Европа може да здивне: Се враќа ли демократијата во срцето на Европа?

Битката нема да биде лесна, и разнишаната држава, подјадена од режимската корупција и добро хранетиот и негуван национализам со голем напор ќе застане повторно на вистинските нозе. Судејќи според историјата пак, Полјаците кога станува збор за подобра иднина и слобода, знаат добро и брзо да се обединат.

October 18, 2023 16:05
in АНАЛИЗИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

АНА ВАСИЛЕВСКА / НОВАТВ

По изборното цунами со излезност од 74,4 проценти на граѓаните на Полска, во срцето на Европа струи свеж воздух на кој најмногу се радуваат желните за независност во судството, за слобода во медиумите, малцинствата, жените за правото да одлучуваат за своето тело, активистите за животна средина, ЛГБТ+ заедницата која се надева дека е крај на кошмарот во кој живееја под диктатурата на осумгодишното владеење на конзервативната десница на партијата Право и правда. Бодликавата жица на границата кон Русија пак,  после овие избори е од многу „поцврст материјал“.

Овој силен крик за слобода на Полјаците е поголем дури и од оној во 1989 година која се роди демократијата во земјата по повеќедеценискиот комунизам, кој го срушија со излезност од 63 проценти на гласачите. Анкетите покажуваат дека во процентот на излезност најмногу се граѓани на возраст од 19 до 29 години што говори за потребата за промени на младото население, но и дека Полска има капацитет за свежа демократска иднина.

Доскорешната владејачка партија која гордо го носи името Право и правда, беше иронија за правна држава, и за осум години ја оддалечи Полска светлосни години од правдата и слободата, како и од европската демократија.

Режимот на водачот на Право и правда Јарослав Качински и неговите приврзаници, почна сериозно да „пука“ по путиновата агресија врз нивниот сосед Украина, кога Полска беше исправена пред предизвикот, поточно ставена во менгеме да ја избере вистинската страна на историјата.

Од нивниот избор во голема мера беше условена и иднината на Европа, на која ѝ се закани новиот фашизам.

Во Полска, во која националистите во изминативе осум години ја подгреваа атмосферата на омраза и антидемократски вредности, изборот во двосмерната улица беше екстремно неизвесен се до неделата кога победи разумот и полските опозициски партии предводени од поранешниот премиер и претседател на Европскиот совет Доналд Туск, со широката граѓанска опозиција обезбедија 248 места во 460-члениот долен дом на парламентот, доволно да ја соборат власта.

Вообичаено кога се уриваат режимите,  очекувано беше дека опозицијата ќе мора да се протне низ тесна врата. Сега, опозицијата секако го предлага и Туск за премиер, чиј избор би значел дека динамиката на враќање на државата кон европските вредности ќе се одвива со побрзо темпо.

Битката нема да биде лесна, и разнишаната држава, подјадена од режимската корупција и добро хранетиот и негуван национализам со голем напор ќе застане повторно на вистинските нозе. Судејќи според историјата пак, Полјаците кога станува збор за подобра иднина и слобода, знаат добро и брзо да се обединат.

ТЕСНА ВРАТА ЗА ОПОЗИЦИЈАТА НО ДОВОЛНА ЗА УСПЕХ

Полските опозициски партии освоија доволно места на општите избори во неделата за да ја преземат власта од партијата Право и правда (ПиС) која владее со земјата од 2015 година. Според конечното пребројување на гласовите објавено од Националната изборна комисија во вторникот наутро:

На изборите – кои завршија со рекордна излезност од 74,4 проценти – ПиС се врати како најголема партија, но без можност да формира победничка коалиција во 460-члениот Долниот дом на парламентот.

Конечното пребројување го имаше ПиС со 35,4 отсто, по што следат центристичката Граѓанска коалиција со 30,7 отсто, централно-десничарскиот Трет пат со 14,4 отсто, Левицата со 8,6 отсто и ултрадесничарската Конфедерација со 7,2 отсто.

Тоа значи дека Право и правда заземаат 194 места во парламентот, Граѓанската коалиција добива 157, Третиот пат 65, Левицата 26 и Конфедерацијата 18.

Граѓанската коалиција, предводена од Туск, Третиот пат и Левица ветија дека ќе формираат коалициска влада за да го соборат ПиС од власт – заедно имаат 248 места.

Од многубројните протести во Полска за правото на абортус

ПОМИРУВАЊЕ СО БРИСЕЛ, ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО, НАПУШТАЊЕ НА ПОПУЛИСТИЧКИОТ НАРАТИВ

Новата влада сигурно ќе означи промена од популистичката и националистичката политика на Право и правда, во која беа забележани осум години проблематични односи со Брисел, како и области на уназадување кога станува збор за независноста на судството и слободата на медиумите.

Голем дел од неодамнешните битки на Полска со ЕУ ги вклучија прашањата за владеење на правото, правата на малцинствата и слободата на медиумите. Според полските интелектуалци, деновиве цитирани во европските медиуми веројатно дека помирувањето на Полска со Брисел ќе биде успешно доколку се почне со решавање на клучните прашања што ја еродираа демократијата.

„Тие дефинитивно ќе се обидат, пред сè, да ја вратат Полска на светлината на демократијата, така што судскиот систем ќе биде ослободен. Печатот повторно ќе биде слободен. И, се разбира, ќе бидат вратени и правата за малцинствата“, рече Моника Сус, вонредна професорка на Полската академија на науките.

Според неа, ова би го помогнало за градење на односот со Европската унија, и дека Полска повторно ќе биде сигурен партнер во Европската унија како и дека Полска ќе се обиде да има подобри односи со соседите.

Очекувањата се дека полската поддршка за Украина речиси сигурно ќе остане силна, но според Теона Лаврелашвили, политички аналитичар во Центарот за европска политика, тензиите со Брисел за миграцијата би можеле да продолжат.

„Во земјата има многу грижи поврзани со миграцијата, но и со безбедноста со кои Туск треба да се справи на домашно ниво“, изјави таа.

Иако ставот на Туск за миграцијата не најпозитивен сепак според аналитичарите тој ќе ги преземе нужните задолжителни чекори што ги налага Европската унија.

Горчливите прашања ќе се пеглаат долго време на масата на ЕУ, но реториката и наративот на опозицијата секако се разликува од онаа ригидна нота на претходната власт која ја направи тотална ерозија на демократијата и ја буткаше Полска во политички амбис.

Туск има огромен предизвик пред себе, иако кога станува збор за управување со коалиција формирана од партии од различни средини, со едната (Трет пат) од десниот центар, а другата левичарска партија (Левица).

Се очекува да има и внатрешни спорови, како прашањето за абортусот што години наназад ја згрозуваше Европа и беше причина за протести на жените.

„Значи, во однос на абортусот, се разбира, секоја од трите партии е многу пофлексибилна, многу поотворена кон прифаќање на правата на жените од сегашната влада. Но, сè уште има разлики меѓу нив, кои се движат од „да го либерализираме целосно абортусот“ до „ајде да имаме некои правила и да работиме на тоа, но не можеме целосно да го либерализираме абортусот“, смета професорката Сус.

КАЧИНСКИ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА КОКЕТИРА СО ЗБОРОТ „ПРЕДАВСТВО“

И покрај многуте претстојни неизвесности, она што се чинеше сигурно е дека поддршката за владејачката партија се намали од последните избори во 2019 година кога освои речиси 44 отсто од гласовите, нејзината популарност нарушена од високата инфлација, обвинувањата за дружење и расправии со европските сојузници, вклучително и Украина.

Водачот на Право и правда,  Јарослав Качински го призна резултат. Тој им рече на приврзаниците во неговиот штаб дека изборите се успешни во нивна полза и дека тоа ја сместува партијата како единствена која освоила најмногу гласови на три парламентарни избори по ред.

„Мора да имаме надеж и мора да знаеме дека без разлика дали сме на власт или опозиција, овој (политички) проект ќе го спроведеме на различни начини и нема да дозволиме Полска да биде предадена“, рече Качински.

Ако резултатот остане, а Право и правда е единствената партија со најмногу пратенички места, тогаш најверојатно ќе ја добие првата шанса да се обиде да изгради влада.

Претседателот Анджеј Дуда, сојузник на Право и правда, има рок до 14 ноември да го свика парламентот и се очекува на ПиС да му ја даде првата шанса за формирање коалиција, иако има многу мали шанси да успее. Опозицискиот лидер го повика да донесе „енергични и брзи одлуки“.

Бодликава жица на границата на Полска со Русија

„ЃУБРЕТО“ ШТО ГО ОСТАВИ ВЛАСТА ЗАД СЕБЕ

Постои високо ниво на државна сопственост во полската економија, а владејачката партија изгради систем на покровителство, делејќи илјадници работни места и договори на своите лојални истомисленици.

Политичката промена би можела да го отвори патот за ЕУ ​​да ослободи милијарди евра финансирање што беше задржано поради она што ЕУ го сметаше за демократска ерозија.

Пјотр Бурас, од Европскиот совет за надворешни односи, рече дека опозицијата добила од „растечкиот замор“ со владата меѓу Полјаците, „надвор од групите што обично ги поддржуваат либералите“.

Судбината на односите на Полска со Украина исто така беше доведена во прашање. Партијата на Конфедерацијата водеше кампања на анти-украинска порака, обвинувајќи ја земјата за недостиг на благодарност кон Полска за нејзината помош во војната во Русија. Неговото слабо прикажување ќе биде олеснување за Киев.

Референдумот за миграција, старосната граница за пензионирање и други прашања се одржа истовремено.

Некои владини противници ги повикаа гласачите да го бојкотираат референдумот, велејќи дека тоа е обид на владата да ги поттикне своите поддржувачи.

Забележано е дека многу гласачи одбиваат да учествуваат на референдумот, а излезната анкета одредуваше учество на 40%, што значеше дека резултатите нема да бидат правно обврзувачки.

ОПОЗИЦИЈАТА ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА ОВА Е „ПОСЛЕДНА ШАНСА“ ЗА СПАС НА ДЕМОКРАТИЈАТА И ЕКОНОМИЈАТА

Опозицијата веќе ги предупреди Полјаците дека тоа е нивната „последна шанса“ да ја спасат демократијата. Откако резултатите беа официјално потврдени, Туск рече дека „победничките демократски партии“ се во постојан контакт и подготвени да почнат да владеат во секое време.

Берзата на Полска се зголеми за повеќе од 6%, а нејзината валута, злота, исто така порасна поради очекувањата за нова влада.

Туск вети дека ќе ги подобри односите со ЕУ и ќе отклучи 36 милијарди евра (30 милијарди фунти) фондови на ЕУ за закрепнување од пандемијата на Ковид, замрзнати по ред поради судските реформи на PiS.

Извор: НоваТВ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    157 shares
    Share 63 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ