• Latest

Помалкубројните заедници на Северна Македонија за европски вредности и членство во ЕУ

November 16, 2022

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Помалкубројните заедници на Северна Македонија за европски вредности и членство во ЕУ

November 16, 2022 10:54
in ВЕСТИ, МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Делегација од Северна Македонија, составена од Џелал Хоџиќ, заменик-директор на Агенција за остварување на правата на заедниците, Владо Бучковски, дел од Центарот за правна аргументација и реторика “Иво Пухан”, при правниот факултет, Жарко Камчев и Ненад Живковиќ од Заедницата на Хрвати во Северна Македонија, денеска се на работна посета во Европскиот Парламент во Брисел.

Делегацијата оствари работни средби со  Валтер Флего, европратеник од Хрватска, од групата на либералите, Клемен Грошев, европратеник од Словенија, од групата на либералите, Илхан Ќучук, европратеник од Бугарија, од групата на либералите, Тонино Пицула, европратеник од Хрватска, од групата на Прогресивниот сојуз на социјалисти и демократи и Карло Реслер, европратеник од Хрватска, од групата Европската народна партија.

Делегацијата на Северна Македонија побара поддршка од европратениците за помалкубројните заедници и нивните проектни активности во Северна Македонија и на Западен Балкан. Побарана е поддршка за убрзан пат на Северна Македонија во ЕУ. На европратениците им укажано дека успешниот македонски модел може да послужи за пример во надминување на предизвиците и на другите држави од Западен Балкан на патот кон европските и евро-атланските интеграции.

“Интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ е од огромно значење за помалкубројните заедници. Тие се секогаш заинтересирани за повеќе демократија, слобода и европски вредности” – изјави Џелал Хоџиќ, заменик директор на АОПЗ и претседател на СДА Македонија.

“Верувам во најавите дека до 2030 год Република Северна Македонија ќе стигне до полноправно членство во ЕУ. Меѓународната заедница го заврши својот дел од обврската со деблокирањето на европскиот пат, сега зависи од нас самите и постигнувањето на консензус за Уставните измени кај нас.” – изјави Владо Бучковски, професор на правниот факултет на УКИМ.

Заедниците на  Хрватите, Бугарите, Египќаните, Торбешите, Црногорците и Евреите во нашата држава очекуваат да станат дел од преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ