• Latest

Поминаа во прво читање Предлог измените на Законот за здравствена заштита, за укинување на економските директори

July 16, 2024

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Поминаа во прво читање Предлог измените на Законот за здравствена заштита, за укинување на економските директори

July 16, 2024 17:56
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Членовите на собранискaтa Комисија за здравство и Законодавно правната комисија дадоа поддршка за да поминат во прво читање Предлог измените на Законот за здравствена заштита со кои се предвидува укинување на економските директори.

Министерот за здравство Арбен Таравари во образложението пред членовите на Комисијата за здравство нагласи дека законот е на сила од 2007 година и идејата на измените е да се укинат двојните директори.

– Одредени клиники и болници кои имаат повеќе вработени имаат по двајца директори – медицински и организациски директор. За да се рационализира работата, не може никогаш една установа да се раководи од двајца директори. Тоа се констатира од искуството од 17 години раководење по двајца директори. Нашата цел е да го измениме Законот, да воведеме само еден директор.

Идејата понатаму е и да се фузионираат одредени клиники во една клиничка болница и одредени здравствени установи од здравствен дом и општа болница во една заедничка установа. На ваков начин ќе рационализираме, ќе го намалиме бројот на директори на здравствени установи и ќе имаме многу поефективен начин на раководење на здравствени установи, рече Таравари.

Министерот потенцира дека ќе продолжат и со соединување на Клиничкиот центар, односно да нема 32 клиники туку една.

– Убеден сум дека здравствените јавни институции ќе бидат многу поефективни и ќе има многу поголемо штедење во трошење за административци, рече Таравари.

Пратеничката Илире Даути од Европскиот фронт реагираше зошто министерот Таравари се обратил на македонски јазик, кога, како што рече, законски може да се обрати на својот мајчин јазик по што имаше партиски препукувања меѓу пратеничката Даути од Алијанса за Албанците од крилото на Зијадин Села и Халил Снопче од крилото на Арбен Таравари од Коалицијата „Влен“, околу тоа кои се вистинските претставници на оваа партија.

„За мене е неприфатливо министерот Таравари да го прегази целиот мој напор и на моите колеги кои четири години војувавме со Собранието и сите институции за да ги убедивме дека законите треба да доаѓаат на двата јазици, бидејќи ова не го овозможува само Уставот, туку и Законот за спроведување на јазиците во кој член 1 е точен и прецизен и кажува дека на ниво на сите институции може да се обратат на јазикот кој го зборуваат над 20 проценти од националностите, рече пратеничката Даути.

Даути беше прекината од претседателката на Комисијата за здравство Рашела Мизрахи која побара дискусијата да не ја претвори во етничко прашање. Таа потенцира дека Законот преведен бил прикачен на собраниската веб страна во четвртокот.

По овие препукувања, министерот Таравари потенцира дека доколку на седницата пратениците не зборуваат за теми од здравството, тој ќе ја напушти седницата.

-Тука сум да одговарам за теми што се однесуваат на здравството. Не знаев дека ве испратиле да провоцирате и да се занимавате со политички теми, рече Таравари.

Според ВМРО-ДПМНЕ, со укинувањето на 40-те економски директори, државата на годишно ниво ќе заштеди околу два милиони евра.

– Ајде да разговараме со еден Хипократов дух тука, без да двоиме дали некој е од една или од друга националност, туку да зборуваме како овој закон ќе го подобри девастираното здравство кое што кога ќе одат пациентите по ходниците гајле им е дали се од една или друга националност, поради тоа што институциите се нефункционални, рече Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според СДСМ, со укинувањето на економските директори државата нема да заштеди два милиони евра, туку минорна сума на средства.

– Не е вистина дека заштедуваме два милиони евра. Најниска бруто плата за организациските директори е 93 илјади денари . Највисока бруто плата за организациските директори е 113 илјади денари. Да земеме просекот да биде уште поголем, затоа што имаат додатоци, да биде 120 илјади бруто, заштедата е 950 илјади евра годишно. Ќе го поддржам овој закон, затоа што сметам дека треба тоа да се стори од економска гледна точка, но јавноста треба да знае дека заштедуваме минорна сума на средства, рече Фатмир Битиќи од СДСМ. / МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ