Помошник државната секретарка на САД, Карен Донфрид, денеска имаше средба и со претставници на граѓанското општество. На средбата се разговараше за спречувањето на дезинформациите во Северна Македонија и за начините на зајакнување на медиумската писменост и обезбедување на известување засновано на фактите. Средбата се одржа во просториите на American Corner.