• Latest
Добро утро со Орданоски

Пописот заврши – преживеавме!

October 1, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Пописот заврши – преживеавме!

Со завршувањето на пописот затвораме уште една тема што повремено го оставаше општеството „без сон“ со години наназад. Колку сме, толку сме, а сега ќе бидеме и утокмени!

October 1, 2021 06:45
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ПОПИС, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Во цивилизирана, демократска атмосфера, без поголеми проблеми и возбудувања, пописот во Република Северна Македонија заврши. Што би се рекло, преживеавме во уште една (историска!?) победа на нормалноста во државава.

Во последните неколку дена се јавуваат и луѓе кои очекувале, а не биле попишани. Од Државниот завод за статистика велат дека во ниту еден попис не е можна опфатеност од 100% на населението, до последен човек. Во нашиот случај се работи за неколку илјади адреси кои – од најразлични причини – навистина ќе останат непопишани, но тврдат дека таа бројка ќе биде помала и од очекуваната статистичка грешка во вкупните попишани податоци што ќе се коригира и со споредбено користењето на другите постоечки обемни регистри на населението во државата.

Сепак, и тоа ќе биде причина да се продолжи со политички манипулации со „дознаваме“, „од извори вакви-такви“, „како што се слуша“, продолжено да се произведуваат од муви – слонови и да се пренесуваат дезинформации од разни „аналитичари“, „експерти“, евро-пратеници и други провокатори од соседството и пошироко, кои ќе даваат изјави и судови за етничката застапеност во нашево население. Има цела една „ударна бригада“ манипуланти кои само тоа ги интересира: како да се поткопа доверливоста и сериозната аналитичност на податоците, пред да излезат официјалните информации за собраната и обработена статистика за нумеричките состојби во Македонија.

И среде пописот, во изминатите денови различни политички и граѓански претставници лицитираа со процентуалната застапеност на етничките групи во населението – ако не сме волку или толку, не ги прифаќаме резултатите од пописот!

Но, официјално, главниот „политички“ губитник кај нас од успешно завршениот попис е десничарската „Левица“. Таа остана единствената, до крај, со повици и активности за бојкот на попишувачите. И се обрука. Повикот им остана со ефект како кога гнило дрво ќе падне во прашума и никој нема ни да го види ни да го чуе, среде предизборна кампања на која се подготвуваат да освојат десетици илјади локални гласачи. Тоа ја потврдува и тезата дека нивниот изборен резултат ќе биде повеќе протестна реакција кон „големите“ две партии/коалиции во македонскиот партиски блок, одошто – на пример – ефективна поддршка на илјадници граѓани за бојкот на пописот. Граѓаните се позрели од партиите за тоа кога и за што треба да се протестира.

Досегашните официјално соопштени пописни податоци – попишани се нешто над два милиони граѓани и околу 560.000 домаќинства – не навестуваат спектакуларни промени во бројчаната „состојба на нацијата“ (за потсетување, пописот на населението во 2002 година констатираше 2.022.547 лица), иако обработката на податоците ќе покаже колкумина се тука, а колку наши државјани живеат надвор од земјата. Нивниот етнички состав им е во центарот на интересот на политички нервозната јавност, но променетата динамика сериозните статистичари многу повеќе ја очекуваат во структурата на начинот на живот во земјава (урбано-рурална, земјоделие, образование итн.), отколку драматични промени во тоа кој каков јазик зборува или на кој бог му се моли (или воопшто не практикува верска активност).

Впрочем, тоа се клучните податоци за кои секој сериозен политичар би требало да биде заинтересиран, бидејќи тие треба да го диктираат распределувањето, по приоритети и стратегиски определби, на заедничките развојни ресурси. Македонија е земја со ограничени материјални потенцијали, парите се броени, но паметта е таа што повеќе недостасува – токму податоците од пописот треба тој рационален дефицит за одредување на вложувањата да го насочат во вистински правец, низ јасна слика за квантитативната и квалитативната состојба на населението по општините.

Со завршувањето на пописот затвораме уште една тема што повремено го оставаше општеството „без сон“ со години наназад. Колку сме, толку сме, а сега ќе бидеме и утокмени! Ќе ни останат доволен број други теми за несоница во нашата колективна општествено-политичка инсомнија.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ