Според мене, мултикултурализмот е реалност во Републиката, и е една, не само од нашите препознатливи обележја, туку е и голема придобивка и можност, вели политикологот и колумнистот Тони Поповски за ЦИВИЛ Медиа.
Она што ме радува, е дека фактички, како етнички заедници во земјава, сепак изнајдовме начин како да живееме заедно, да создаваме заедно, и она што не разликува културолошки, да го трансформираме во предност. Притоа, имајќи предвид дека постојат предизвици кои се карактеристични за општества какво што е нашето мултиетничко општество, но дека овие предизвици не треба да ги чувствуваме како закана, туку дека треба да вложиме колку е можно повеќе напор, да ги користиме инструментите кои само можат да го зацврстат овој наш мултикултурен амбиент.
Ние не можеме и не смееме да бидеме нешто друго отколку добри соседи и пријатели, во оваа смисла. И не само одредени разлики, кои се поврзани со етничкото потекло, туку и да се потрудиме, сите ние да направиме општество со поголема толеранција едни кон други, во смисла на родовата еднаквост, и во смисла на еден продуктивен однос кон подобрување на состојбите поврзано со сите ранливи групи во Републиката, посочува Поповски.
Д. Тахири
Камера и монтажа: Ариан Мехмети
Оваа содржина е дел од иницијативите и проектите на ЦИВИЛ за промоција на мултикултурализмот и европските вредности, со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург. Ставовите и мислењата изнесени во овие содржини се на самите Автор(к)и и не нужно ги отсликуваат официјалните ставови на донаторите.