• Latest

Пораки од Конференцијата за Западен Балкан во Берлин

April 30, 2019
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ сака „без нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пораки од Конференцијата за Западен Балкан во Берлин

April 30, 2019 10:11
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев придружуван од заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров беше пречекан од канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел пред почетокот на Конференцијата за Западен Балкан во Берлин.

Непосредно пред почетокот на Конференцијата, владината делегација оствари работен состанок со канцеларката Меркел на која главна тема на дискусија беа придобивките од Договорот од Преспа за стабилноста, соработката и мирот во регионот.

Заеднички беше констатирано дека Северна Македонија и Договорот од Преспа се позитивен пример на Балканот и дека тој успех е охрабрување за сите земји учеснички на Конференцијата за Западен Балкан.

Премиерот Заев и канцеларката Меркел ја истакнаа важноста на економските придобивки кои ги носи билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Грција и потенцираа дека ваквите соработки треба да се интензивираат низ целиот регион.

На маргините на Конференцијата премиерот Зоран Заев се сретна со високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини.

На средбата, како што стои во владиното соопштение како позитивен пример за целиот регион бил посочен преспанскиот договор, но и успешниот прв круг од претседателските избори во земјава.

Заев и високата Могерини се согласија дека за стабилноста на регионот и особено за придобивките на граѓаните на Северна Македонија и на Грција после Договорот од Преспа, неопходно е земјата да биде поддржана и да продолжи уште побрзо на патот кон очекуваната европска интеграција.

Според весникот Фајненшл Тајмс, пораката на Меркел и Макрон до шесте земји аспиранти за членство во ЕУ е да ја одржуваат политичката стабилност со нивна помош. Мали се шансите за брзо приклучување на блокот, доколку не си ги средат работите внатре.

Според германските медиуми Ди Велт,  Зи Дојче Цајтунг и ФАЦ, на самитот постои желба да и се помогне на земјата да добие почеток на преговори со ЕУ во јуни, а за таа цел, според весникот германската канцеларка  по секоја цена сака да го убеди францускиот претседател Макрон.

Share15TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ