• Latest

Пораки од меѓународниот форум во Охрид: Преспанскиот договор ги дава резултатите, време е Брисел да испорача

July 3, 2021

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Пораки од меѓународниот форум во Охрид: Преспанскиот договор ги дава резултатите, време е Брисел да испорача

July 3, 2021 14:54
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Договорот од Преспа е пример за тоа како треба да се решаваат конфликтите и проблемите, порачаа голем број европски дипломати и државници од регионот на „Преспа форум дијалог“, кој во најголем дел измина во дискусии околу европерспективата на земјите од Западен Балкан. Високите претставници на американската дипломатија, но и поранешни челници во Брисел истакнаа дека е голем пропуст што Северна Македонија и Албанија се соочија нова пречка за започнувањето на преговорите за членство, додавајќи дека единствено Унијата го губи кредибилитетот од ваквата ситуација.

Премиерот Зоран Заев нагласи членството во ЕУ останува значаен стратешки интерес, но најави и продлабочување на соработката со стратешкиот партнер – САД. Тој вели дека Северна Македонија нема да отстапи од изнаоѓање заеднички прифатливо решение со Бугарија засновано врз европски вредности и стандарди и дека земјата посветено работи со добра волја на имплементација на договорот за пријателство и добрососедство на сите области од заеднички интерес, вклучително и на Комисијата за историски прашања, но, како што рече, има некои прашања за кои не може да се преговара.

-За Западен Балкан, од исклучителна важност е најавата на претседателот Бајден за враќање на силното присуство на Соединетите Американски Држави на светската сцена со ангажирана дипломатија заснована на најскапоцените демократски вредности на оваа земја и наш стратешки партнер, истакна Заев на заедничката прес-конференција со помошникот државен секретар за Европа во Стејт департментот, Филип Рикер.

Помошникот државен секретар за Европа во Стејт департментот, Филип Рикер и премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев на заедничка прес конференција на вториот ден од „Преспа форум дијалог“

Рикер побара неодложно отпочнување на преговорите и кажа дека САД ги препознава спроведените реформи во Македонија.

– На сите билатерални состаноци што ги водевме тука во Охрид заедно со колегата Палмер ја поздравивме препораката од март минатата година ЕУ да отпочне преговори за пристапување на Македонија и на Албанија, како признание за спроведените реформи. Пристапувањето на Македонија во ЕУ ќе ја зголеми регионалната, но и стабилноста во Европа, како и економските врски во рамки на трансатлантското партнерство. Тоа беше и елемент и на надворешната политика на САД години наназад. Последните одлуки што ги блокираа интегративните процеси на Македонија го поткопуваат кредибилитетот на ЕУ во регионот и во меѓународни рамки. Тоа испраќа погрешен сигнал, заклучи Рикер.

Важноста од добрите односи меѓу Брисел и Вашингтон, особено во делот на надворешната политика ги нагласи и претседателот Стево Пендаровски, по средбата на маргините на Самитот со словенечкиот колега Борут Пахор, кој пак од своја страна му вети дека наредната недела ќе замине во Софија да лобира за изнаоѓање решение и конечно отпочнување на преговорите за членство.

Словенскиот претседател Борут Пахор на „Преспа форум дијалог“

-Нема да видиме синергија меѓу двата дела на трансатлантската заедница којашто е толку важна за нас, како во 90-те години. Тоа значи дека поголемиот дел од одговорноста ќе остане на рамењата на регионалните политички лидери. Познато е дека т.н. триаголник на успех за секој пробив во позитивна насока на Западниот Балкан секогаш бил Брисел-Вашингтон и регионалните главни градови, рече претседателот Пендаровски.

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски на „Преспа форум дијалог“

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров порача дека сега е време оние големи зборови што ги доби Преспанскиот договор, како инспирација за регионот, како голем успех за Европа, како триумф на дипломатијата да се преточат во конкретни чекори.

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров на „Преспа форум дијалог“

– Не само за нашите две држави, туку и на целиот регион дали вреди да се инвестира политички капитал, кога се потпирате на европските ветувања. Многу често слушаме: вие испорачајте, ние ќе испорачаме. Ние испорачавме, одговорноста е сега ЕУ да испорача без разлика што тоа е сложен организам од 27 земји-членки, меѓутоа мора да најде начин да испорача бидејќи е опасно кога зборовите ќе останат празни, рече Димитров.

На Самитот учествуваа и главните европски протагонисти кои го потпомогнаа потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот еврокомесар Јоханес Хан изјави дека не почнувањето на пристапни преговори со Македонија и со Албанија е јасен неуспех на Европската Унија.

Еврокомесараот Јоханес Хан на „Преспа форум дијалог“

–Европската комисија донесе многу извештаи дека овие земји испорачаа резултати и отсекогаш велевме откако тие ќе испорачаат, мораме и ние да испорачаме резултати, а ние тоа не го направивме досега, рече Хан.

Со сличен став е и поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

High Representative of the European Union (EU) for Foreign Affairs and Security Policy Federica Mogherini speaks during a press conference in Pristina on May 5, 2016.
The European Commission on May 4 proposed that Kosovo citizens be allowed to travel to the EU’s passport-free Schengen zone without a visa, a day after the Balkan nation became a UEFA member. / AFP / – (Photo credit should read -/AFP/Getty Images)

– Договорот од Преспа покажа дека ниту еден проблем не е нерешлив, за секое прашање има решение, за тоа се бара лидерство, храброст, решителност и почит, што е потребно во голема мера во овие времиња и да се гледа напред и да се вложува повеќе за начинот, на кој можете да обезбедите одржлив пат за вашиот народ. Договорите се секогаш тешки, но можни, рече Могерини.

Таа нагласи дека местото на Западен Балкан е во ЕУ и оти не станува збор за процес на проширување, туку пред се за процес на обединување на Европа.

Џорџ Робертсон, поранешниот генерален секретар на НАТО, истакна дека Заев и Ципрас демонстрирале огромна политичка храброст донесувајќи одлука што ќе ги отвори вратите на НАТО и ја придвижи државата кон европските текови.

Џорџ Робертсон, поранешниот генерален секретар на НАТО

-Европското членство е на дофат, тоа ќе се случи, рече Робертсон.

Ставот на Бугарија, пак, наведува Ципрас во интервју за ТВ 24, навистина беше непријатно изненадување и за мене, бидејќи првите чекори од напорот заедно со Зоран Заев, пред да го потпишеме Договорот од Преспа, тој период Бугарија не беше негативна. Напротив, беше охрабрувачка.

поранешниот премиер на Република Грција Алексис Ципрас и премиерот на Северна Македонија Зоран Заев – „Преспа форум дијалог“

-Го разбирам разочарувањето што може да го чувствуваат граѓаните на Северна Македонија додека гледаат дека еден договор што бараше промена на Уставот, промена на уставното име и по жртвите што ги направија граѓаните гледаат дека европската перспектива останува заматена. Верувам дека треба наредниот период Бугарија да го вложи секој напор за да не претставува дел од проблемот, туку дел од решението. Ќе треба да го вложи секој напор, така што ќе се најде излез и да не настојува на алтернатива без излез-вето. Европското семејство продолжува напред со согласност, а не преку негации и вето. Верувам дека ЕУ во целост треба да ја охрабри Бугарија да следи правилен пат, заклучи Ципрас.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ