• Latest
Фото: Б. Јордановска / ЦивилМедиа

Пораките од САД

June 1, 2023

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Пораките од САД

June 1, 2023 13:30
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Фото: Б. Јордановска / ЦивилМедиа

Фото: Б. Јордановска / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

АНА ЧУПЕСКА

1- Прво, самата зачестеност на комуникациите и пораките од високите претставници од САД (Ескобар, Агелер, Марфи и други), како и зачестеноста на средбите, сугерира дека дошло време да се тргне лончето од ринглата, за да не претече млекцето на Мицко, па сите да се попариме;

2- Второ, квалификувањето на претходната посета кога Ковачевски беше во Вашингтон, дека била од “ГОЛЕМА ВАЖНОСТ” и дека била “ТРИУМФАЛНА”, јасно укажува дека перформансот на нашата делегација е оценет како особено квалитетен, пријателски, консеквентен и победнички. Односно, дека земјава преку нејзините претставници покажала бескомпромисност во реализација на целите и интересите на САД и РСМ, на НАТО, на ЕУ. Вакво признание, мили мои, треба многу да не радува. Вакви комплименти, не се даваат туку така. Треба да се заслужат, со активно делување. Препознаени и уважени се тие напори!

3 – Сенаторот рече дека дошол тука затоа што САД треба да се осигура оти патот на земјава во ЕУ ќе продолжи да се одвива непречено.

“ДА СЕ ОСИГУРА” , другарчиња, дека пораките што ги упатуваат до нас и посебно “ДО СОБРАНИЕТО” се примени и разбрани!

Да се осигура, дека Пратениците и сите ние не сме оглувеле! Тој вели дека САД ќе дава поддршка на “ВАШАТА ОДЛУКА ДА СЕ ПРИКЛУЧИТЕ КОН ЕУ И ВЕ ПОВИКУВАМЕ ДА ГИ ПРЕЗЕМЕТЕ ПОТРЕБНИТЕ ЧЕКОРИ ЗА ДА ГО ОВОЗМОЖИТЕ ОВА ПРОШИРУВАЊЕ”. Ако не му јасно некому што ова значи, мислам дека има сериозен проблем со резонот, покрај оној со слухот.

4-  Доколку пак не се деблокира патот кон ЕУ, САД, потсетува дека претстои и голем, реален ризик – оти може да биде загрозена уште повеќе и така предизвикувачката безбедносна атмосфера во оската на корпусот долж НАТО, САД и ЕУ. Имено, тој изјави:,” Украина не може да влезе во ЕУ ако не влезат и земјите од Балканот и затоа ова е нова реална можност за проширување, а Северна Македонија не треба да ја пропушти оваа прилика”… Поточно, рече дека ова е последната шанса за евроатлантските аспирации и вредносни платформи да бидат конгрегирани во единствен меѓународно политички простор и дека сите мора синхроно да делуваме затоа што времињата се опасни и загрижувачки.

Па да запрашам, дали тоа опозицијата, предводена од Војвода Мицко Трети има намера да ги предизвикува овие гигантски тенденции на геополитичката шах табла? Ако е така, .тогаш јасно нека се произнесе, нека ја преземе во целост одговорноста од последиците и секако предизборно да ни го презентира генијалниот план за да знаеме како ќе опстоиме понатаму.

5 – Суштински битно е да се обрати внимание на тоа дека уставните измени, со право ги нарече “ТЕХНИЧКИ”, и ги нарече најдобрата понуда….

Мислите дека е тоа без причина? Јас мислам не е без причина. Овде треба јасно да ни биде дека ако ја испуштиме шансата за да ја префрлиме топката надвор од “опасната зона”, следната понуда би била далеку посуштинска, поризична и многу по фрустирачка-т.е нема веќе да е техничка! А во една таква друга понуда, всушност би се реализирале фантазиите на Мицкота со четата му егзибиционисти – од кои после нема да има враќање назад. Или, реално би се оствариле црните мисли на Мицко, само што, ќе биде и очигледна големата жртва (бонус) која ќе дојде сама по себе во едни такви состојби на сеопфатен етнички предзнак, што на некој начин ја затвора цената на чинење за амбициите на Мицкоски – кои освен лукративни амбиции немаат ама баш ништо суштинско и перспективно во себе.

Како и да е, она што не ми е јасно, а би сакала да ми се разјасни е едно прашање: Дали слепите мицкови јавачи не го предвиделе и процениле политичкиот момент, па прават политичка грешка или сето ова им е кристално јасно (сепак таму има сериозни луѓе кои се долги години во политиката и биле на високи државни позиции, носеле важни државни одлуки и тн.), и упорно ја туркаат државата во [пред се] голема безбедносна неизвесност.

Да не го заборавиме и влијанието кое ќе биде од големо значење во понатамошните креирања на политиките и односите пред се со САД и ЕУ и каков ќе биде третманот и позицијата на Северна Македонија во креирањето на политиките, ако се тргне по друг пат, ако се одлучи против овие ТЕХНИЧКИ уставни измени, тогаш ќе се тргнеме од патот од ЕУ, а ќе биде и многу загрижувачки чекор за членките на НАТО”. Значи, господа од оркестарот: “час поскоро”, свестете се!

6 – Конечно, кога САД ќе ти каже дека ”Треба да направиш избор” и дека “Русија е сериозна заканa на Алијансата на светските демократии”, и дека ”Ова е моментот за демократиите во Европа да се обединат, да ги донесат тешките одлуки за да возвратат на оваа агресија” мислам дека треба да си со сериозна антрополошка грешка тоа да не го сфатиш со сериозност. Да си камиказа со лоши намери, или да си платен за преврат и реализација на црњаци по оската на злото – путинистички скот.

Затоа, пратеници, опозиционери, и цела јавност, бидете одговорни! Да не си играме играчки со ваквите сериозно застрашувачки, и брутално искрени пораки кои се согласно нашите долгогодишни определби, жртви и залагања.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ