• Latest

Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

January 26, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

January 26, 2026 14:53
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот претседател Бил Клинтон ја обвини администрацијата на Трамп дека го лаже американскиот народ за убиствата во Минеаполис што ги извршија федералните службеници за имиграција.

Во изјава од неделата, поранешниот демократски претседател жестоко ги осуди „ужасните сцени“ во Минеаполис „за кои никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка“.

„Луѓе, вклучително и деца, беа одземени од нивните домови, работни места и улиците од страна на маскирани федерални агенти. Мирни демонстранти и граѓани кои го остваруваа своето уставно право да го набљудуваат и документираат спроведувањето на законот беа уапсени, тепани, беа погодени со солзавец и, најжестоко, во случаите на Рене Гуд и Алекс Прети, застрелани и убиени“, изјави Клинтон, осврнувајќи се на двајца 37-годишни жители на Минеаполис кои беа застрелани и убиени овој месец од федерални службеници.

Клинтон жестоко ја осуди и администрацијата за начинот на кој реагираше на убиствата.

„За да биде уште полошо, на секој чекор, одговорните нè лажеа, ни велеа да не веруваме во она што го видовме со свои очи и промовираа сè поагресивни и антагонистички тактики, вклучително и попречување на истрагите од страна на локалните власти“, рече Клинтон.

Одделот за внатрешна безбедност (DHS) ги бранеше убиствата, тврдејќи дека агентот испукал „одбранбени истрели“ кон Прети, кој имал пиштол што го пронашле федералните власти. Прети, болничар при одделението за интензивна нега во болница на Вирџинија, имал дозвола да носи огнено оружје.

Американската демократска јавност е згрозена. Активистите на социјалните мрежи и коментаторите во медиумите обвинуваат дека агентот дека дејствувал со прекумерна сила, посочувајќи на видео снимки на кои се гледа како Прети го држи својот телефон, а не пиштол, за да ја сними операцијата за спроведување на законот пред инцидентот да ескалира, и да биде смртно застрелан.

Клинтон ја повика јавноста да го искористи сегашниот момент за да ја врати американската демократија и да не се откаже од основните слободи што им припаѓаат на луѓето.

„Во текот на целиот живот, се соочуваме само со неколку моменти кога одлуките што ги донесуваме и дејствијата што ги преземаме ќе ја обликуваат нашата историја во годините што доаѓаат. Ова е еден од нив. Ако се откажеме од нашите слободи по 250 години, можеби никогаш нема да ги вратиме“, напиша Клинтон.

#BREAKING: New video angle shows struggle before Border Patrol agents open fire. pic.twitter.com/YFC2kCIfAa

— Insider Wire (@InsiderWire) January 24, 2026

„Од сите нас кои веруваме во ветувањето на американската демократија зависи – да се спротивставиме, да проговориме и да покажеме дека нашата нација сè уште припаѓа нам, на народот“, заклучува Клинтон во својата изјава.

Џ. Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ