Премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и за европски прашања Орхан Муртезани, (на 19 септември) присуствуваа во работна посета во Брисел, каде се разговарало за европската перспектива на регионот и на нашата држава. Мицкоски заедно со лидерите на останатите пет земји од Западниот Балкан присуствуваше на работен ручек што го организираше претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, а имаше средби и со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман.
Следејќи ја темата, ЦивилМедиа го постави прашањето на својата Фејсбук страница како текстуална објава и кратко видео:
ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Како ќе ја оцените посетата на Мицкоски во Брисел?
Граѓаните во најголем дел коментираат дека настапот во Брисел на премиерот Мицкоски бил наменет за македонските гласачи, и дека неговиот говор наликувал како говор на париски митинг.
„Сите лидери се вратија од Брисел фалејќи се колку пари извлекле од европските фондови, а само нашиот се фали „што им кажал во брк“.
„Тој не беше во посета во Брисел, туку во изборна кампања во некое село во Македонија“.
„Исто како посетата на Гордана во Бугарија“.
„Изјави наменети за македонските гласачи“.
„Посетата на Мицкоски во Брисел ја оценувам како крајно неуспешна во однос на пристапувањето на нашата држава кон членството во ЕУ“.
„Катастрофа“.
„Фијаско“.
Дел од граѓаните со иронични коментари прашуваат во која класа летал и каков часовник си купил од Брисел.
„Во која класа летал, нели има проблем у кичма“.
„Како да ја оцениме? Можеби си купил убав рачен часовник“.
Д. Муратов