• Latest
Петрит Сарачини

После четвртокот….доаѓа петок!

November 8, 2021
Фросина Кулакова

Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

May 9, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово се соочува со политичка криза и санкции од ЕУ; Албанија два дена пред парламентарни избори; Рама најави отворање на третото поглавје

May 9, 2025
Фото: Укринформ

Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

May 9, 2025

Кина потроши милијарди долари за развој на воена технологија; Конфликтот меѓу Индија и Пакистан би можел да биде нејзиниот прв голем тест

May 9, 2025
Фото: МИА архива

Службата за безбедност на Украина разоткрила шпионска мрежа на унгарската разузнавачка служба во Закарпатската област

May 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан отстапува простор за дипломатија пред да одговори на нападот на Индија

May 9, 2025
ПИНКИ ГО ВИДЕ ТИТО По враќањето од Москва Додик сите говори ги завршува со воскликот „да живее Русија“!

Додик: Путин навистина ја разбира позицијата на нашиот народ, Србија и Кина се пријатели кои градат мостови кон иднината

May 9, 2025

Мицкоски: Среќен 9 Мај – Денот на Европа! Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината!

May 9, 2025
Фото/ Wikipedia commons

Вучиќ на воената парада во Москва и покрај предупредувањата од ЕУ

May 9, 2025
Фото: скриншот МИА

Почнува тридневна национална акција за чистење отпад – „Генералка викенд“

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

После четвртокот….доаѓа петок!

November 8, 2021 21:39
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Петрит Сарачини

Петрит Сарачини

Share on FacebookShare on Twitter

ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Поминува и овој ден, помина и 14:30 часот, истече рокот на „ултиматумот“ што Мицкоски му го даде на Заев за формално поднесување  оставка. Па така, дојде 14 часот и 31 минута, па 14 и 32 минути, 33…Оставката под ултиматум и закана – не дојде.

Но, ВМРО-ДПМНЕ се познати по нивната упорност. Не чекаа ни секунда, па и формално, во име на коалицијата за рушење на владата на СДСМ и ДУИ која беше обзнанета од Мицкоски, Апасиев, Таравари, Гаши, Хоџа и Снопче во петокот доцна попладне на Фејсбук, поднесоа интерпелација за Владата во Собранието, за која информираше партискиот потпретседател Николоски.

ВМРО-ДПМНЕ сè уште тврди дека има мнозинство од 61 пратеник со кои ќе успее да ја сруши владата. Николоски не беше јасен за понатаму, но нагласи дека ова е само првиот чекор, а дека понатаму ќе се отвореле прашањата за ново владино мнозинство или пак предвремени парламентарни избори, во зависност од интересите на партиите.

Заев пак, наместо да ги послуша ултиматумите на Мицкоски, нешто пред 3 часот попладне, се огласи со друг одговор.

„Има оваа држава свој народ, и граѓани, и демократи, и борци, и политичари и партии кои нема да дозволат Мицкоски, Апасиев и Груевски да ја заробат и упропастат државата одново. Нашата кауза е и граѓанска и државничка. Знам дека позади таа кауза како бедем гордо стојат мнозинство од нашите граѓани и мнозинство од нашите пратеници“, порача јавно премиерот.

Дали Мицкоски и новата „коалиција“ имаат мнозинство од 61 за фамозниот четврток?  Како што стојат во моментот работите – сите опции се отворени, иако тешко остварливи.

И тоа не е само поради тврдењето за измама и јавното одбивање на пратеникот Скендер Реџепи – Зејд од Алтернатива, неговиот потпис да стои до тој на Апасиев. Кај партиите на Албанците и тој дел на јавноста постои голема дебата за неспоивоста на „коалицијата“, најмногу поради фактот што Левица на Апасиев долго време негува антиалбанска реторика и политики, а самиот тој во блиското минато упатил и тешки навреди до сите овие партии, со чии претставници седеше на иста маса во петокот.

Шпекулациите дека уште најмалку тројца пратеници на ДУИ ќе преминат на „другата страна“ бргу беа демантирани од самиот Ахмети. Тој, Груби и ДУИ беа први во барањата кон Заев да се повлече од најавената оставка и, како и другите коалициски партнери на владејачкото мнозинство на заедничкиот состанок со Заев, беше на ставот дека мнозинството е стабилно, а за личната одлука на Заев велеа дека е грешка.

Но, од друга страна, Ахмети од ДУИ доби овластување да преговара за сите опции. Сите добро знаат што значи тоа, во ситуација кога – сите опции се отворени. Иако, според она што може да се насети преку начинот на кој се постави ДУИ во целата ситуација, тешко дека тие ќе бидат фактор кој би се вклучил во рушење на прозападна влада во која имаат силни позиции, на сметка на ад-хок коалиции зад кои можеби стојат и други намери на геостратешки план.

Истото веројатно важи и за останатите партнери во владејачката коалиција. Имаа шанса пред само недела – две да си ги измерат силите и поддршката кај граѓаните. Влез во авантура со нова влада или предвремени избори вон консолидирана коалиција за некои од нив може да значи и губење на статусот на парламентарни партии, да не зборуваме за привилегиите што ги уживаат помалите партнери, во ситуација кога речиси целото внимание на јавноста, а и критиката, се насочени кон поголемите владејачки партнери.

Се сеќавате на легендарната мудрост на Ѓорѓе Иванов, дека по декември доаѓа јануари?  Епа отприлика тоа е она, што не очекува по „судбоносниот“ четврток, кога во Собранието, на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ; Алијанса за Албанците-Алтернатива, Беса и Левица, ќе се гласа за доверба на Владата предводена од Заев.

Што ќе се случи по четврток? По четврток, ќе дојде петок. А потоа викенд. Би било добро да влеземе во некое такво секојдневие, оти, се изморивме од судбински и историски избори, интерпелации, четвртоци, понеделници, и политичка криза која трае со години, и никако да запре.

А после петокот и викендот, од понеделник можеби е добро да се фатиме за работа. Оти, со постојаниве кризи страда економијата, страдаат институциите, на врата ни тропа светска енергетска криза, да не зборуваме за пандемијата…

Можеби пропаста на денешниот ултиматум на Мицкоски е добар сигнал, дека работите ќе почнат се движат во таа насока – на нормализација на општеството. Иако, знаејќи какви сме и со каков квалитет на политичката сцена и со каква јавност располагаме – сите опции се можни.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ