Гласачите кои сакаат да го остварат своето право на глас еден ден пред денот определен за гласање, како лица во домашен карантин поради позитивен тест на КОВИД-19 и лицa на кои е определена мерка самоизолација, се должни да достават НОВО барање за гласање до Општинската изборна комисија.
Рокот за поднесување на нови барања за остварување на правото на глас во вториот изборен круг , на лице во домашен карантин поради позитивен тест на КОВИД-19 и лице на кое му е определена мерка самоизолација е до денес, понеделник, 25 октомври, до 24:00 часот.