Македонскиот ГА-МА и бугарскиот Булгартрансгаз ќе склучат Договор за интерконекција за интерконективна точка Ќустендил/Жидилово. Двата оператори на гасоводот ги покануваат корисниците на мрежата да земат учество на јавната консултација за бизнис правилата од проектот, објави Булгартрансгаз на својата веб-страница.
ГА-МА и Булгартрансгаз на јавна дискусија ќе ги презентираат правилата за процедурите за споредување и дистрибуција на количествата гас, како и други релевантни одредби кои се однесуваат на корисниците на мрежата. Консултација ќе трае од 18.10.2022 до 27.10.2022 година.
Целта на јавната консултација е да се соберат мислењата на сите потенцијални корисници на мрежата во врска со преносот на природен гас преку ИТ Ќустендил/Жидилово.
Операторите на македонскиот и бугарскиот гасовод, ГА-МА и Булгартрансгаз имаат намера да понудат преносни услуги на корисниците на мрежата за снабдување со природен гас од Бугарија во Северна Македонија и комерцијален пренос од Северна Македонија во Бугарија.
Сите одговори треба да се испратат до двата преносни системски оператори на англиски јазик на: [email protected] и [email protected].
ГА-МА АД И БУГАРТРАНГАЗ ЕАД ќе ги оценат коментарите добиени за време на консултациите и, доколку е потребно, ќе го коригираат нацрт-текстот на Договорот за интерконекција.
Релевантните одредби од нацрт-Договорот за интерконекција помеѓу ГА-МА АД и БУГАРТРАНГАЗ ЕАД може да се најдат овде.