„Со зголемените поплави присутни низ целата планета во изминатите неколку месеци, сушите, рекордно високите температури, со сето евидентно нарушување на климата и губење на биолошката разновидност, со загадувањето на воздухот со кое се соочуваме и со загадувањето на почвата и водата околу нас, јасно е дека не е прашање кога климатските промени ќе влијаат на нас, туку што можеме СЕГА да направиме за да ги ублажиме“, вели Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во Северна Македонија во новиот блог посветен на потребата од поголеми напори за спречување на климатските промени, загадувањето на животната средина и губењето на биолошката разновидност.
Во блогот Дуџак ги повикува сите да се приклучат и да покажат дека се грижат.
Видеото е дел од новоотворената кампања (#ICare) за зголемување на свеста за важноста на климатските активности и заштитата на животната средина за нашите животи.