• Latest

Постот на Дардишта предизвика низа реакции, осуди, објаснувања и оградувања

November 7, 2021
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Постот на Дардишта предизвика низа реакции, осуди, објаснувања и оградувања

Ахмети ја осуди објавата на Дардишта, ДУИ велат зборувала за изборна битка, Здравство дека не е на функција, Телеком се оградува, ЦИВИЛ со осуда на говорот на омразата, дезинформациите и манипулациите по било која основа

November 7, 2021 19:29
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

По објавата на фејсбук профилот на  Шкодране Дардишта, што предизвика лавина од реакции и коментари на социјалните мрежи и по медиумите, во која таа порачува: „ Сѐ уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале по војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во нег“ – со осуда се јави претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети. Според него, како што пренесува Сител, таквите изјави се спротивни на каузата на партијата.

– ДУИ во каузата ја има слободата и таквите изјави не се во интерес на партијата и на каузата, рече Ахмети пред состанкот на Генералниот совет на партијата во Тетово.

Претходно, од ДУИ за „Слободен печат“ посочија дека госпоѓата Дардишта зборувала за изборна битка.

– Госпоѓица Дардишта зборуваше за изборни битки, а не за војна. Таа сакаше да каже дека ДУИ е подготвена да се соочи на изборниот терен кога тоа ќе го посакаат опозициските партии. Тоа нема никаква врска со повиците за војна. ДУИ како апсолутен победник на локалните избори е подготвена секогаш кога и да се одржат парламентарните избори да влезе во трка и да излезе како победник. Чизмите подразбират подготвеност за изборен терен, рекоа од ДУИ за „Слободен печат“.

Во врска со случајот се јавија и од Министерството за здравство, од каде информираат дека Дардишта не извршува никаква функција во Министерстото , ниту во која било клиника на УК Центар „Мајка Тереза“, како што предходно објавија некои медиуми.

И Македонски Телеком, каде таа е актуелен член на управниот одбор на Македонски телеком од ДУИ. преку соопштение се оградија од, како што велат, приватниот став на Шкодране Дардишта изнесен на социјалната мрежа Фејсбук.

„Го осудуваме ваквиот личен став и наскоро очекуваме реакција од Владата, која ја постави Дардишта како независен член на Одборот на директори на Македонски Телеком“ – наведува македонски Телеком во соопштението.

„Лицата на јавни функции или на одговорни позиции во општеството или администрацијата, јавните личности и политичарите имаат обврска да бидат посебно внимателни во своите јавни настапи, без оглед на тоа дали се работи за приватен профил на социјалните мрежи или друг вид јавна комуникација“ – изјавија од ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, која во континуитет спроведува мониторинг на општествените и политичките процеси, како и на дезинформациите и говорот на омразата. Организацијата остро го осудува секој облик на креирање и ширење дезинформации и омраза по било која основа и на било кој начин.

Д. М.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ