• Latest

Почит за Тито пред споменикот во Скопје

May 25, 2017
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Почит за Тито пред споменикот во Скопје

May 25, 2017 12:32
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Свежо цвеќе пред грандиозниот споменик на Јосип Броз Тито во Скопје, македонското, а до него и некогашното југословенско знаме. На мала масичка отворено знамето на поранешна Социјалистичка Република Македонија, а врз него, до фотографијата на Тито, и дрвена изработка на култната Штафета. Меѓу нив, исправен и горд, што бил негов современик, Слободан Ценов, генерален секретар на Титовите леви сили, во став мирно му оддава почит на Тито, денеска на денот на неговиот роденден, што беше прогласен за Ден на младоста и државен празник на Југославија.

„Денеска е роденденот на незаменливиот водач и командант на вооружените сили на поранешна СФРЈ, Јосип Броз Тито. Овде во Скопје, Кочани и во Штип, Титовите леви сили му оддаваат достојна почит на великанот. Штафетата како продолжување на традицијата, денеска е во Белград и ќе биде предадена на Јошка Броз, внукот на Тито, којшто и денеска се декларира како Југословен и комунист. Од овој миг, порачуваме да има мир и разбирање, братство и единство, да се вратат сите вредности што ги имаше општеството, кога Тито беше претседател на поранешната СФРЈ“, порача со возбуда и трепет во гласот, Ценов.

До 1987 година, или седум години по смртта на Тито, се негуваше култот кон Штафетата. Поаѓаше од едно населено место од една од шесте републики или двете покраини, патуваше од раце во раце на девојки и момчиња, истакнати ученици, младинци, спортисти, музичари…, за на 25 Мај, денот на Титовиот роденден, еден од најдобрите младинци, му ја предаде Штафетата на Тито, како симбол на младите, прогресивни генерации коишто ветуваа дека ќе го следат неговото дело.

Слетот со богата кореографија и компонирана музика за таа пригода беше дел од раскошнтаа прославата, на која во еден глас, илјадници присутни на стадионот на ЈНА во Белград  ја пееја „Другар Тито, ние Ти се колнеме!“

Великанот на комунистичката ера на овие простори, еден од творците на третиот блок во светот – Неврзаните земји, почина 1980 година, а единаесет години потоа, се распадна СФРЈ.

Од некогашната Социјалистичка Република Македонија, нејзините граѓани, успеаја со референдумот на 8 септември 1991, по мирен пат, како единствен пример од сите други југословенски републики, да ја создадат самостојна, независна Република Македонија.

Моника Талеска

Tags: 25 МајЈосип Броз ТитоРепублика МакедонијареферендумСФРЈТитови леви силиштафета
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ