Во Кривичниот суд Скопје 1 денеска почнува судењето за предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) „Трезор“ за набавка на опема за шпионирање во кој првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. Според новиот распоред на судии во Кривичниот суд, предметот ќе го води судијката Џанета Бегтовиќ.
Покрај Мијалков во случајот се обвинети и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, кој е во бегство во Солун.
Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот при набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.
Извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.