• Latest

Потомок на авторот на „А бре, Македонче“: Нема цензура со верзијата од Куманово, така отсекогаш ја изведувале сите хорови

October 13, 2022

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Потомок на авторот на „А бре, Македонче“: Нема цензура со верзијата од Куманово, така отсекогаш ја изведувале сите хорови

October 13, 2022 12:06
in ВЕСТИ, КОНТЕКСТ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Хорскиот аранжман на „А бре, Македонче“, направен од еден од најмаркантните и најзначајни личности заслужни за развојот на хорската музика во Македонија во втората половина на ХХ век, професорот Драган Шуплевски. Шуплевски, аранжманот го направил во доцните седумдесетти години на минатиот век и оттогаш, па наваму, овој аранжман, со овие стихови е изведуван од речиси сите хорови во Македонија“ пишува Александар Трајковски, потомок на Ордан Михајловски-Оцка, автор на музиката и ко-автор на текстот на песната „А бре, Македонче“.

Тој додава дека ова никогаш не претставувало проблем и објаснува дека измените на текстот се направени од Шуплевски поради акцентирањето и метричкото усогласување.

Трајковски објаснува дека во периодот кога Шуплевски го правел аранжамнот, композицијата била третирана како народна, бидејќи авторските права биле признати дури во 1990 година и постоеле три верзии од „спорниот стих“.

„Тоа се ‘денешните тирани’, ‘клетите фашисти’ и ‘клетите душмани’. Досега, јас не сум сретнал факти кои ќе покажат и докажат, во кој момент од ‘живеењето’ на композицијата, настанувале овие промени. Но, во домашната архива поседувам историски документ, во кој јасно е наведено дека на првата изведба на ‘А бре, Македонче’, на 8 ноември 1941 година, во селото Царевиќ (Прилепско), композицијата е изведена со стихот ‘денешните тирани’.“ пишува Трајковски.

Тој додава дека ова е првата и оригинална верзија на песната, што значи дека најпопуларниот стих „клетите фашисти“ воопшто не е дел од првичната верзија.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ