• Latest
Фото: MAX DELANY/AFP

Потона „Москва“, главниот брод на руската Црноморска флота

April 15, 2022

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Потона „Москва“, главниот брод на руската Црноморска флота

April 15, 2022 09:30
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: MAX DELANY/AFP

Фото: MAX DELANY/AFP

Share on FacebookShare on Twitter

Руски воен брод, кој беше оштетен од експлозија во средата, потона, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесува Би-Би-Си.

Воениот брод „Москва“, предводникот на руската Црноморска флота, беше  влечен до пристаништето кога „бурните мориња“ предизвикаа да потоне, се вели во пораката на Министерството.

Ракетниот крстосувач со 510 членови на екипажот беше симбол на воената моќ на Русија, што го предводеше нејзиниот поморски напад врз Украина.

Киев вели дека неговите проектили го погодиле воениот брод, додека официјална  Москва не пријави никаков напад, тврдејќи дека бродот потонал по пожар. предизвикан од експлозија на муницијата на воениот брод,  додавајќи дека целиот екипаж подоцна бил евакуиран во блиските руски бродови во Црното Море.

Откако првично Русија изјави дека воениот брод плови, подоцна во четвртокот руското Министерство за одбрана објави дека Москва е изгубена.

Бродот тежок 12.490 тони е најголемиот руски воен брод што е потопен во акција од Втората светска војна.

„Додека беше влечен кон одреденото пристаниште, бродот ја загуби рамнотежата поради оштетување претрпено во трупот, бидејќи избувна пожар по експлозија на муниција. Со оглед на немирното море, бродот потона“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Украинските воени претставници изјавија дека ја погодиле Москва со ракети Нептун од украинско производство – оружје дизајнирано по руската анексија на Крим во 2014 година, кога поморската закана за Украина во Црното Море се зголемила.

Потонувањето на бродот беше опишано од САД како „голем удар“за Русија, но американските власти не можеа да потврдат дали за тоа се одговорни украинските ракети Нептун.

подготвил Д.Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ