• Latest

Потпишан Договорот за заеднички гранични и царински контроли меѓу Северна Македонија и Албанија

June 10, 2021
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Потпишан Договорот за заеднички гранични и царински контроли меѓу Северна Македонија и Албанија

June 10, 2021 19:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На маргините на Самитот на земјите од Западен Балкан во Тирана, премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама денеска потпишаа Договор за воспоставување заеднички гранични и царински контроли на граничните премини меѓу двете земји.

Според премиерот Заев, Договорот е уште еден чекор во градењето на одличните односи помеѓу Северна Македонија и Албанија, кои како добри пријатели и соседи го имаат како приоритет олеснувањето на меѓуграничниот проток во интерес на граѓаните и на деловните заедници на двете земји.

– Навистина е задоволството кога двајца многу добри пријатели коишто водат извршна власт на две одлични земји по своето пријателство ќе направат чекор кон збогатување и усовршување на тоа пријателство. Со потпишувањето на денешниот договор завршуваме еден сериозен процес на којшто работеа нашите Влади за да го отвориме „one stop shop“ терминалот каде што нашите граѓани ќе го преполоват своето чекање во делот на поминувањето на нашите граници, но пред сѐ и над сѐ, ќе се создадат услови за остварување на четирите европски слободи за слободен проток на стока, луѓе, капитал на услуги“, рече премиерот Заев во своето обраќање по потпишувањето на Договорот.

Тој потенцира дека воспоставувањето заеднички гранични и царински контроли на граничните премини меѓу двете земји ќе придонесе за зголемување на пропусната моќ на преминот за стокови пратки, за намалување на времето потребно за вршење на гранични формалности и значително ќе ја подобри инфраструктурата за примена на современи средства за контрола.

– Јас верувам дека колку повеќе ги усовршуваме административните капацитети и ја пренесеме довербата комплетно на институциите едни помеѓу други, како што впрочем и тоа постои, само со завршување на административните процедури ќе овозможиме да расте нашата трговија, нашата соработка, да се унапреди дополнително пријателството меѓу двата народи и да продолжиме заедно да држиме така да кажам европски лекции затоа што нас нé врзува сегашноста нé врзува и иднината, нагласи Заев.

Премиерот додаде дека двете земји како членки на НАТО и партнери, меѓусебно се помагаат и заедно се исправени пред предизвикот на следниот чекор на нашите процеси кон европските интеграции.

– Убедени сме дека секојдневно даваме само повеќе аргументи на европските пријатели за да донесат конечно позитивна одлука. Друг пат за нас нема, тоа е патот кон ЕУ затоа што нашите граѓани ги сакаат европските вредности да ги живеат овде, во Албанија, во Тирана, во Северна Македонија, во Скопје. Ќе продолжиме на тој начин да работиме сé со конечна цел да оствариме што е можно поголема благосостојба, поголем економски просперитет и поголема среќа за Албанците, за македонскиот народ и сите етнички заедници кои што живеат во Северна Македонија. Драго ми е што денес, после овој Самит навистина можеме да завршиме една ваква посета со ваков договор и да испратам порака до нашите граѓани, до стопанствениците да ги користат придобивките од заедничките гранични и царински контроли, да ги мотивира да прават уште поголема трговија и соработка затоа што само така и животот ќе ни биде подобар и посреќен на сите, рече премиерот Заев.

Албанскиот премиер Рама од своја страна потенцираше дека овој договор значително ќе го олесни движењето меѓу граѓаните на двете држави.

– Сакам и јавно да му се заблагодарам од сè срце на премиерот (Зеав) за неговиот енергичен пристап до крај и за неговата непоколеблива волја да го придвижи овој процес напред, како на билатерален аспект, така и на регионално ниво, и секако ја користам оваа прилика да му се заблагодарам за неговото доаѓање и присуство овде заедно со целиот свој тим, рече Рама на церемонијата на потпишувањето на Договорот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ