fbpx
  • Latest

Потпишани билатерални документи – во фокус интересот на граѓаните и економиите на Србија и Северна Македонија

March 31, 2023
Фото: Влада

Ковачевски: Северна Македонија прерасна во земја фактор на стабилност

May 29, 2023

„Граѓански дијалози“ во Гостивар: Општината позитивен пример за мултикултурализам

May 29, 2023
Фото монтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Пригожин повторно го поткопува авторитетот на Путин, дали веќе се гледа како негов наследник?

May 29, 2023

Шукова: Потребна е сериозна имплементација на законите за управување со отпад

May 29, 2023

Ховениер: Ситуацијата во северно Косово е исклучително загрижувачка

May 29, 2023

Ковачевски: Северна Македонија е фактор на стабилност и безбедна НАТО земја со поволен амбиент за инвестиции и повисоки плати во Армијат

May 29, 2023
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Потпишани билатерални документи – во фокус интересот на граѓаните и економиите на Србија и Северна Македонија

March 31, 2023 12:36
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во Белград, за време на официјалната посета на премиерот Димитар Ковачевски, министри од владите на Република Северна Македонија и Република Србија потпишаа неколку билатерални документи, кои се во насока на натамошно приближување на нашите држави, економии и народи, а кои што произлегуваат од потпишаните договори за Отворен Балкан.

Меморандумот потпишан помеѓу министрите за внатрешни работи на двете земји се однесува на олеснување и забрзување на проток на патници и возила на граничниот премин Табановце-Прешево.

Свесни за високото ниво на фреквенција на патнички возила што се создава на овој граничен премин, тимови на министерствата за внатрешни работи, ИТ секторите и граничните полиции, царинските управи како и министерствата за транспорт и врски од двете земји работеа неколку месеци на изнаоѓање решенија.

Дефинирани се повеќе типови мерки со чија имплементација ќе се унапреди, олесни и забрза протокот на патници и возила.

Мерките се однесуваат пред се на теренската инфраструктура и на моделот на заедничко гранично управување.

Вториот меморандум кој беше потпишан во Белград, е за проект за вмрежување на системите за електронска наплата на патарините.

Со интензивирањето на регионалната соработка и особено високото ниво на поврзување меѓу нашите две држави, секојдневно се зголемува бројот на граѓани кои патуваат од Северна Македонија за Србија или обратно, но голем е интензитетот на возила и патници кои ги користат нашите држави како транзит до трети земји.

Во таа насока, постојано ја подобруваме инфраструктурата на автопатите и градиме нови автопати, но вложуваме и во дигитални решенија кои го олеснуваат патувањето преку вмрежување на системите за електронска наплата на патарините.

Со потпишувањето на меморандумот, наскоро сите граѓани на Србија со ТАГ инсталиран уред ќе можат да поминуваат на патарините низ Северна Македонија без да застануваат, а истиот ќе важи и за граѓаните на нашата држава кога патуваат низ Србија.

Третиот меморандумот кој беше денеска потпишан во Белград, се однесува на соработка во областа на рударството и енергетиката.

Со овој меморандум ја покажуваме заедничката подготвеност за зајакнување на меѓусебните односи и разбирање, со цел да придонесеме за економски развој и зголемување на економскиот раст.

Енергетиката е столб на економијата,а со овој меморандум, меѓу другото, се поттикнуваат и поддржуваат заедничките инвестиции од двете земји, особено за градење на капацитети за користење на обновливи извори на енергија, производство на енергија и меѓусебно поврзување на системите за гас и електрична енергија на Северна Македонија и Србија.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Белградбилатерални докумнетиСКОПЈЕ
Share33Tweet21Share
germanEmb
hbs

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Uslovi
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • ES-PRESS-O
  • ЕДИТОРИЈАЛ
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ, АВТОРСКИ ПРАВА И ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА
  • МАРКЕТИНГ