• Latest

Потпишани меморандуми за соработка за подобрување на ефикасноста на управните судови и обвинителството

June 29, 2018
Роџер Касале

Демократијата мора да биде нешто што го правиме

September 15, 2026
Проф. д-р Ана Чупеска

За да се испорача демократијата, мора да го заштитиме правото на вистина!

September 15, 2026
Бранко Тричковски

Нема човеци за демократија, ниту демократија за човечките деформитети

September 15, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Циркус за нула денари и затруена вода: Како демократијата стана депонија за гласови

September 15, 2026
A group of protesters raise their fists in the air. The concept embodies unity, strength, and the fight for justice. Generative AI.

Медиумската платформа на ЦИВИЛ е отворена за авторски текстови и видеопораки за демократијата

September 15, 2026

DDGI и WA4U по повод Денот на демократијата: Да се брани демократијата значи да се стои со Украина

September 15, 2026
Фото: Џ. Дерала

НАТО собори дрон над Литванија по навлегување во воздушниот простор од правец на Белорусија

September 15, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Твојот глас. Твојата слобода. Нашата демократија.

September 15, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Двојна стапица: Зошто било каква одлука од Хаг ќе послужи како политичко оружје

September 14, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

Каматите не ги диктира само Франкфурт: Колку е точна приказната дека кредитите мора да поскапат?

September 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Потпишани меморандуми за соработка за подобрување на ефикасноста на управните судови и обвинителството

June 29, 2018 13:41
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Меморандуми за соработка во областите на јавното обвинителство и управните судови се потпишаа денеска во Министерството за правда од страна на министерката за правда Рената Дескоска, амбасадорот на Велика Британија во Македонија Чарлс Гарет, како и претставници од Советот на јавни обвинители, Јавното обвинителство на Република Македонија, Управниот и Вишиот управен суд.

Креирање матрица за мониторинг на перформансите во Јавното обвинителство во Република Македонија“ е целта на потпишувањето на првиот меморандум во областа на јавното обвинителство.

Со него, како што информираат од Министерството за правда, ќе се обезбеди поддршка во клучните сектори од правниот систем на Република Македонија која ќе овозможи имплементирање на проектот во соработка со Центарот за правни истражувања и анализи и ПрајсвотерхаусКуперс Македонија.

Вториот потпишан меморандум од областа на управните судови, пак, има за цел да обезбеди поддршка на управните судови да го имплементираат проектот „Подобрување на ефикасноста и ефективноста на управното судство во Македонија“. Исто така, проектот ќе биде имплементиран од страна на Центарот за правни истражувања и анализи и Прајсвотерхаус Куперс Македонија.

Министерката Дескоска му се заблагодари на амбасадорот во заминување Гарет за неговата досегашна соработка и неговата лична заложба и поддршка на институците во остварувањето на евроатлантските интеграции.

– Денешното потпишување на меморандумите е уште една потврда за добрата соработка помеѓу двете земји и решеноста на Владата за спроведување на започнатите реформи во правосудсвото, истакна министерката за правда Рената Дескоска.

Таа додаде дека претстои период во кој сите заедно ќе работиме да се врати независноста на судството и обвинителството.

– Судството и обвинителството и нивната независност се основата на едно демократско општество. Нивната работа влијае на секојдневниот живот на луѓето. Кога судството и обвинителството работат непристрасно во интерес на граѓаните, тогаш јавноста има доверба дека нивните права се почитуваат, дека нивните бизниси би имале раст и дека можат долгорочно да планираат, рече Гарет.

Посочи дека успешните, стабилните и просперитетните општества имаат една заедничка работа – цврсто владеење на правото.

– Тоа е и причината зошто секторот правда е еден од клучните сектори во кои Македонија треба да спроведе реформи за да напредува на својот евро-атлантски пат. Во таа насока ја поздравувам јасната определба на судството, обвинителството и Министерството за правда да соработуваат во оваа област, истакна Гарет. (МИА)

Tags: Министерство за правдаРената ДескоскасоработкаЧарлс Гарет
Share6TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ