• Latest

Потребни ни се пресвртни точки за да се справиме со климатските промени, тврдат британските научници

February 11, 2022

„Храброст“

November 29, 2026

АФЕРА АЛТА БАНКА | ПЛАНОТ НА БРАЌАТА МАЦУРА: Брза пенетрација во македонското економско ткиво

November 29, 2026

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

Потребни ни се пресвртни точки за да се справиме со климатските промени, тврдат британските научници

February 11, 2022 11:40
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Воведените субвенции и масовното пуштањето во употреба на енергетски објекти брзо ги намалија трошоците за производство на енергија од сонцето и ветерот, исто како што масовното прифаќање на електричните автомобили се забрзува и доведува до нивно поевтинување. На светот му се потребни вакви пресвртни точки за да може да се справи со климатските промени, тврдат британските научници,  пренесува Мета.мк натпис во весникот Гардијан.

Професорот Тим Лентон од Универзитетот во Ексетер е предводник на тимот научници што работеа на студија како малите интервенции, откако ќе се активираат, можат да прераснат во системски промени. Наместо да се фокусираат кон намалувањето на емисиите на стакленички гасови, ова истражување се фокусира на тоа еколошките избори да постанат најатрактивни.

Студијата посочува дека пресвртните точки ќе треба да се идентификуваат во борбата со климатските промени и да се насочат кон негативните точки, кои ќе овозможат брза акција за справување со климатската криза. Научниците велат дека драматично забрзување на општествените промени е неопходно.

„Единствениот начин на кој можеме да се приближиме до нашите глобални цели за јаглеродните емисии и биодиверзитетот е преку позитивни пресвртни точки“, вели професорот Тим Лентон.

Оваа студија посочува дека големите промени би можеле да започнат од мали групи, но стремежот за пронаоѓање на пресвртните точки може да го идентификуваат и светските лидери. Па така, на Конференцијата за климатски промени (КОП 26) повеќе од 40 земји ширум светот објавија дека ќе ги координираат инвестициите и ќе ги усогласат стандардите за да се постават вакви пресвртни точки.

Студијата на научниците е објавена во списанието Global Sustainability и дава примери за пресвртни точки, па така намалената цена на ЛЕД светилките би можело да доведе до зголемување на нивната примена или како почнале да се менуваат ставовите на јавноста за пластиката за еднократна употреба по телевизиското шоу Blue Planet II. Тие како пресвртна точка ги идентификуваат и соларните панели, односно како нивното поставување на покривите на домовите од мали групи на луѓе прераснало во своевидна масовна појава на нивна изведба.

Општествените промени кои ги доведуваат ваквите пресвртни точки може да произлезат како од јавните инвестиции и новите државни политики, така и од приватните инвестиции, но и од индивидуи како што се активностите на Грета Тунберг. Британските научници велат дека во иднина треба да се проучи во детали како да се активираат ваквите пресвртни точки, кои би можеле да бидат клучните активности на климатската акција.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ