• Latest

Потврден лек уште нема, а кoрона вирусот „не влегува дома со патиките“

March 21, 2020

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Потврден лек уште нема, а кoрона вирусот „не влегува дома со патиките“

Хрватскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите Faktograf.hr анализираше две информации поврзани со корона вирусот што се објавени на медиуми или кружеа по социјалните мрежи или сервисите за инстант-комуникација и утврди дека станува збор за дезинформации.

March 21, 2020 08:44
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Хрватскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите Faktograf.hr анализираше две информации поврзани со корона вирусот што се објавени на медиуми или кружеа по социјалните мрежи или сервисите за инстант-комуникација и утврди дека станува збор за дезинформации.

Првата се однесува на антивирусниот лек favipiravir, за кој еден босанско-херцеговски портал напишал дека е „лек“ за COVID-19, болеста предизвикана од новиот корона вирус. Иако има информации дека станува збор за лек којшто може да биде корисен во сузбивањето на COVID-19, сѐ уште е рано да се прогласува за чудесен лек и да се слави, пишува Faktograf.hr.

Favipiravir е антивирусен лек којшто од 2014 под името Avigan го произведува јапонската компанија Toyama Chemical.

„Точно е дека Жанг Сјинмин, функционер во кинеското министерство за наука и технологија на 18 март изјавил дека favipiravir покажал многу охрабрувачки резултати кај заболени од COVID-19. Во Кина е тестиран на 340 пациенти, коишто, според тврдењата на кинеските власти, закрепнувале значително побргу отколку пациентите што не го примале овој лек. Кинеските пациенти што примале Favipiravir во просек закрепнувале за четири дена, додека оние што не го добивале, закрепнувале за 11 дена. Исто така, рентгенските снимки покажале подобрена состојба на белите дробови кај 91 отсто од пациентите што добивале favipiravir, наспроти 62 отсто, кај оние што не го добивале овој лек“, пишува Faktograf.hr.

Но, овој сервис потсетува и дека од јапонското министерство за здравство порачале дека не треба да се има големи очекувања, нагласувајќи дека не е чудесен лек, каков што го прогласуваат некои.

„Авиган добија 70 до 80 пациенти и се покажа дека не дејствува толку добро ако вирусот веќе се размножил“, изјавиле од министерството за еден јапонски дневен весник.

Можно е favipiravir да помага во лекувањето на оние лица кај кои COVID-19 дава поблаги симптоми, но не и кај потешко заболените, пишува хрватскиот сервис.

Тој оповргна уште една дезинформација сврзана со новиот корона вирус. Станува збор за порака луѓето да не влегуваат дома со чевлите со кои биле надвор, оти така може да ја внесат заразата дома. Пораката се ширела преку WhatsApp, а во неа било тврдење дека вирусот преживува до девет дена на асфалтот, дека поради тоа во Кина се вршела масивна дезинфекција, а поради тоа се дезинфицираат и улиците на Милано.

Ваква порака претходно се ширеше и во Италија и во Шпанија, но проверувачите на факти ги оповргнаа тврдењата од неа, пишува Faktograf.hr.

Сервисот потсетува дека директорот на шпанскиот Центар за координација на итни состојби Фернандо Симон на 16 март рекол дека нема потреба чевлите да се оставаат надвор. Исто мислење има и претседателот на италијанскиот Институт за здравствена заштита Силвио Брусаферо, како и Фабрицио Прелјаско, виролог од Универзитетот Милано. Последниот рекол дека иако е можно така да се внесе вирусот, опасноста е занемарлива. / META

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ