• Latest

Повеќе од 1.200 луѓе загинаа во нападите на Хамас врз Израел, речиси 3.000 се ранети, во израелските воздушни напади во Појасот Газа убиени 950, ранети околу 5.000, ОН повикува да прекинат нападите врз цивилите

October 11, 2023

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Повеќе од 1.200 луѓе загинаа во нападите на Хамас врз Израел, речиси 3.000 се ранети, во израелските воздушни напади во Појасот Газа убиени 950, ранети околу 5.000, ОН повикува да прекинат нападите врз цивилите

October 11, 2023 09:59
in ВЕСТИ, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на жртвите во нападите на палестинскиот Хамас врз Израел кои започнаа во саботата надмина 1.200, речиси 3.000 луѓе се ранети, а судбината на 150 заробени и однесени во Појасот Газа се уште е нејасна.

МИА ги пренесува медиумите на хебрејски јазик кои доцна синоќа објавија дека бројот на загинатите во Израел надмина 1.000, додека безбедносните сили и доброволната организација Зака, која ги носи посмртните останки по терористичките напади и катастрофи, сè уште ги собираат телата на загинатите во населените области на југот на Израел.

Израелската армија утринава соопшти дека бројот на загинатите е зголемен.

Во израелските воздушни напади врз Појасот Газа и Западниот Брег загинаа 830 лица, соопштија локалните власти.

Израелското Министерство за здравство претходно соопшти дека во нападот се ранети 2.901 лице, а околу 500 се уште се во болници, од кои 26 се во критична состојба.

Во текот на изминатата ноќ, израелските воздухопловни сили погодија повеќе од 70 цели на Хамас во населбата Ал Туфах во градот Газа и воен објект на Исламскиот џихад.

Како што соопшти армијата, областа служела како „терористичко гнездо“ на Хамас и центар за извршување операции против Израел.

Набргу потоа, во јужните израелски градови во близина на Појасот Газа се огласија предупредувачки сирени за ракети.

Претходно, израелската армија ја погоди куќата на воениот портпарол на Хамас, Абу Обеид, во Појасот Газа.

Израел вети дека ќе се погрижи Хамас никогаш повеќе да не може да го повтори ненадејниот напад во саботата, за кој рече дека масакрираше стотици израелски цивили.

Израелската војска доцна синоќа изврши напади и во Сирија и Либан, откако истрела ракети и минофрлачки гранати во правец на северен Израел.

Хамас, исто така присутен во Либан, подоцна ја презеде одговорноста за ракетниот истрел, а либанскиот проирански Хезболах за противтенковскиот ракетен напад.

Како што пренерсуваат странските агенции, минофрлачки проектили подоцна беа истрелани од Сирија на Голанската висорамнина, а неколку преминаа на израелска територија и паднаа на отворено.

Немаше штети, а израелската армија одговори со артилериски оган.

Министерството за здравство со кое раководи Хамас соопшти дека околу 950 Палестинци се убиени, а уште 5.000 се ранети во израелските воздушни напади во Појасот Газа од саботата.

Израелските одбранбени сили соопштија дека убиле околу 1.500 палестински терористи на израелска територија откако Хамас почна напад врз израелските погранични заедници, убивајќи повеќе од 1.000 луѓе и заробувајќи уште десетици.

Министерството за здравство на Израел информира дека до денеска – на 3.007 повредени лица им била укажана медицинска помош во болниците низ Израел од почетокот на војната во саботата наутро.

Во овој момент, 471 остануваат во болница од кои 109 во тешка состојба.

Високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк упати итен повик до сите земји кои имаат влијание да преземат чекори за ублажување на ситуацијата во Израел и окупираните палестински територии.

Тој истакна дека меѓународното хуманитарно право мора да се почитува во сите околности.

„Сите страни мора да го почитуваат меѓународното хуманитарно право и мора веднаш да ги прекинат нападите насочени кон цивили, како и нападите што се очекува да предизвикаат смрт и повреда на цивили или оштетување на цивилни објекти“, рече Турк, според соопштението на ОН.

Високиот комесар рече дека е „длабоко шокиран и згрозен од извештаите за егзекуции на цивили и, во некои случаи, ужасни масовни убиства од страна на членови на палестински вооружени групи“.

Високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк упати итен повик до сите земји кои имаат влијание да преземат чекори за ублажување на ситуацијата во Израел и окупираните палестински територии.

Тој истакна дека меѓународното хуманитарно право мора да се почитува во сите околности.

„Сите страни мора да го почитуваат меѓународното хуманитарно право и мора веднаш да ги прекинат нападите насочени кон цивили, како и нападите што се очекува да предизвикаат смрт и повреда на цивили или оштетување на цивилни објекти“, рече Турк, според соопштението на ОН.

Високиот комесар рече дека е „длабоко шокиран и згрозен од извештаите за егзекуции на цивили и, во некои случаи, ужасни масовни убиства од страна на членови на палестински вооружени групи“.

„Застрашувачки е и длабоко вознемирувачки да се видат слики на заробени од палестински вооружени групи како малтретирани, како и извештаи за убиства и сквернавење на нивните тела“, рече тој, додавајќи дека цивилите никогаш не смеат да се користат како договори за пазарење.

Тој ги повика палестинските вооружени групи веднаш и безусловно да ги ослободат сите заробени цивили.

„Земењето заложници е забрането со меѓународното право“, предупреди високиот комесар.

Истакна дека од витално значење е секој што е лишен од слободата на окупираната палестинска територија и во Израел да се третира хумано.

Информациите собрани од Канцеларијата за човекови права на ОН покажуваат дека израелските воздушни операции, исто така, погодија големи станбени кули во Газа и други станбени згради низ Газа, училишта и просториите на агенцијата за помош и труд на ОН, што резултираше со цивилни жртви.

Tags: ИзраелПалестинаПојасот Газацивилни жртви
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ