ЦИВИЛ Млади се во потрага по петмина млади активисти, волонтери, на возраст од 16 до 19 години кои се мотивирани да се приклучат во тимот.
Тие на младите им понудија можност да учествуваат во три категории во рубриката ЦИВИЛ Млади:
- „Јас мислам“ (колумни, лични ставови и интервијуа) – поттик младите критички да ги согледуваат општествените и политичките проблеми, да градат и искажуваат лично мислење за нив.
- „Јас посетувам“ (репортажи и најави за културни настани) – културно катче кое што ќе ни овозможи увид во едукативните и забавните настани во Скопје.
- „Јас известувам“ (граѓанско новинарство) – Биди новинар. Излези на улица. Детектирај ги проблемите. Известувај и промени го општеството!
Сите заинтерсирани можат да го пополнат онлајн формуралот ТУКА.
Повикот трае до 9 април 2018 (понеделник), а за селекцијата ќе бидете известени најдоцна до 12 април.