• Latest

Повторно одложено рочиштето за Талир

May 28, 2019

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Повторно одложено рочиштето за Талир

May 28, 2019 15:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Судењето за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и денеска повторно се одложи поради отсуства на обвинетиот Леко Ристоски, кој имал операција. Од истата причина вчера се одложи и рочиштето за случајот „Титаник“.

Судењето за „Талир“ требаше да стартува на 18 февруари, но оттогаш не е оддржано ниту едно рочиште, поради различни изговори.

Минатото рочиште беше одложено на барање на одбраната, поради поднесено барање за автентично толкување во Собранието на членот 22 од законот за СЈО.

Собранискиот спикер Талат Џафери писмено го известил адвокатот Дончо Наков дека Собранието сè уште не извршило автентично толкување на Законот за СЈО, бидејќи прво и Владата треба да даде зелено светло. Наков кој е дел од обраната на обвинетите во „Талир“,  за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ вели дека ќе бара од Владата побрзо да се изјасни.

Одбраната на обвинетите во случаите од Специјалното јавно обвинителство подолго време бара автентично толкување на член 22 од Законот за СЈО. Со тоа треба да се разјасни дилемата што пред неколку месеци ја наметна Врховниот суд – до кога всушност ова Обвинителство било надлежно да поднесува обвиненија? Во постоечкиот Закон стои дека СЈО може да покрене обвинение во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност. Тој период истече во јуни 2017, а обвинението за „Талир“ беше поднесено после тој датум.
Во предметот „Талир“ кој се однесува на наводно нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ обвинети се екс-премиерот, сега азилант Никола Груевски, поранешниот генерален секретар во Владата Кирил Божиновски, поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, пратеникот Илија Димовски и Леко Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ.

На Елизабета Чингаровска нема да ѝ се суди бидејќи таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

Постојаното одложување на рочиштата за овој предмет, но и преговорите за судбината на СЈО, предизвикуваат сериозни реакции во јавноста.

И сега во наредните 20 години ние ќе расправаме дали СЈО или ЈО е надлежно да го гони предметот за незаконско финансирање на ВМРО. И се додека не падне во заборав и застари.

— Александар Тортевски (@a_tortevski) May 28, 2019

Адвокатот Александар Тортевски на својот Твитер профил денеска кусо го искоментира повторното одожување на предметот „И сега во наредните 20 години ние ќе расправаме дали СЈО или ЈО е надлежно да го гони предметот за незаконско финансирање на ВМРО. И се додека не падне во заборав и застари“, пишува Тортевски.

М. И.

Share65TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ