• Latest
Љубомир Костовски

Повторување на историјата: Се сеќавате ли на штрајкот на Железарци од 1986 година?

June 24, 2022
Кијив во утринските часови на 24 мај 2026 година (ДСНС)

РУСКИОТ ТЕРОР ПРОДОЛЖУВА: Масовен напад врз цивилни цели во Кијив, Украина возвраќа со удари длабоко во руска територија

May 24, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Ура за Македонија

May 24, 2026

Мајски извештај за продукцијата на ЦИВИЛ МЕДИА: Навигација низ информацискиот метеж

May 23, 2026

ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се шпионира НАТО, власта на Мицкоски креира политики по терк на Москва

May 22, 2026

Кога твојот живот е само ставка во табела

May 22, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

(ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Иванов: ИТ-администраторот во претседателскиот кабинет не е обичен техничар, секое доцнење на форензиката има контраразузнавачка цена

May 22, 2026

Со обете нозе во една чевла

May 21, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

(ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Андонов: Постапката за шпионската афера намерно се води погрешно, се урива кредибилитетот на државата пред НАТО сојузниците

May 21, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Google

Google го забрзува развојот на ВИ: Џемини Омни и новата генерација на интелигентни агенти

May 21, 2026

ЕКСКЛУЗИВНО: Експресен одговор од Агенцијата за разузнавање на прашањата на ЦИВИЛ за шпионската афера

May 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Кијив во утринските часови на 24 мај 2026 година (ДСНС)

    РУСКИОТ ТЕРОР ПРОДОЛЖУВА: Масовен напад врз цивилни цели во Кијив, Украина возвраќа со удари длабоко во руска територија

    Фотографија: Скриншот од видео на Google

    Google го забрзува развојот на ВИ: Џемини Омни и новата генерација на интелигентни агенти

    ЕКСКЛУЗИВНО: Експресен одговор од Агенцијата за разузнавање на прашањата на ЦИВИЛ за шпионската афера

    Фото: Министерство за правда

    Правосудниот испит на албански јазик отвори нов политички судир меѓу Министерството за правда, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

    ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се води истрага за шпионски операции, Мицкоски тврди дека се работи за „шпионски талог“ и „глодари“

    Фото: МИА

    ЕУ го активира Планот за раст: Северна Македонија доби најголема транша од новата европска поддршка

    ССМ: Минималната синдикална кошничка за мај изнесува 68.743 денари

    Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

    Собранието заглавено поради нов заем: Власта бара итна постапка, СДСМ предупредува на раст на јавниот долг

    Илустрација ВИ

    Брисел и Вашингтон со привремен трговски договор до 2029 година

    Фото: Скриншот од видео на CNBC

    Правен удар за Маск: OpenAI ја доби клучната битка

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Ура за Македонија

    Мајски извештај за продукцијата на ЦИВИЛ МЕДИА: Навигација низ информацискиот метеж

    Кога твојот живот е само ставка во табела

    Со обете нозе во една чевла

    Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!

    ИН МЕМОРИАМ | За кривите линии на Коракс

    Гордо – назад и надолу

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Моќ, сила, манипулација и Овертоновиот прозорец

    Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

    Изборната катаклизма на Орбан и лекциите за отпорноста на авторитаризмот и олигархијата

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Повторување на историјата: Се сеќавате ли на штрајкот на Железарци од 1986 година?

Штрајкот кој го поведоа организирани сили во тогашна Рудници и железарница пред 36 години ја сруши економската реформа на Милка Планинц и тогашна Југославија се стрмоглави кон амбисот

June 24, 2022 07:00
in АНАЛИЗИ, СЛОБОДНА ЗОНА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
Љубомир Костовски

Љубомир Костовски

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Столиците кои се поставени пред Парламентот неделава нема сомнение дека ја имаат стратегијата која се крои во Шампитата. Да се прави неред, да мириса на уцена, да им се прават практични проблеми на граѓаните, ама да не се троши сопствен „материјал“. Па тој штоф и го нема – гледаме и самите дека протестите на јавни места се одбегнуваат, нема доволно приврзаници, сѐ се тоа „големи“ настани без доволно учесници. Се гледа тоа по јадниот одѕив, како кај синдикатите (ССМ и оној на пајтон-клубот КСС) за време на наводниот масовниот протест за Први мај!

ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА Од каде се влечат конците за ова повторување на историјата?

Но заради сите околности во кои живееме – од сѐ уште незавршената здравствена криза (која започна пред две и пол години), проблемите со можните масовни отпуштања на работниците во голем број сектори во тој период, војната во Украина со сите познати реперкусии, меѓу нив и големата инфлација која го зафати целиот свет (!), овие поставени столици сепак, со својата вградена демагогија, потсетуваат на едни други, драматично тешки денови (да, имало такви и порано) кога наводен синдикален протест пред истиот Парламент, предизвика големи последици. Многумина би рекле и фатални во она општество што сметаше дека сите сме горе-долу еднакви и дека економските процеси можат да се контролираат преку простиот баланс на производството и потрошувачката.

Имено, тогашната сојузна премиерка Милка Планинц (1983-86) по кој знае кој пат, се обиде да донесе одлука за замрзнување на цените и платите. Среде спиралата на инфлацијата, која голташе сѐ пред себе, се бараше решително спречување на дивеењето на цените. Во условите во кои се одвиваа процесите во земјата со големи регионални нееднаквости, тајната за тој чекор лесно беше пробиена и некој одлучил таа мерка да ја торпедира.

НЕКОЈ РЕШИ ДА ЈА СРУШИ Во земјата на многу различни интереси некаде паднало решение македонските работници да ја срушат премиерката Планинц

Беше одлучено, некаде погоре и потоа се покажа, не во Македонија, тоа да го направат вработените во Рудници и железарница, како извршители на поширок процес на расточување на сојузните институции. Тоа не се виде во мигот кога илјадници железарци пеш дојдоа од кругот каде работат (после појадокот во 9-10 часот!) и лесно ги прегазија политичарите, пред сѐ, оние градските, кои се обидоа да ги натераат демонстрантите на разумен дијалог „како другари“, но на нив беа фрлани главно празни конзерви од појадокот кој беше, нели, претходно консумиран.

Работниците беа упорни и влегоа во зградата и држеа говори како во Хајд парк во главната сала. Кога после многу часови се изморија, ним им се обрати претседателот на републичката влада, Глигорие Гоговски. И да не одиме понатаму во историја, но остана релативно непознат основниот факт – се открија потоа во просториите на ССМ отпечатени плакати – повици од претходниот ден, кога одлуката за замрзнувањето не беше јавно објавена.

Значи, веќе го имаме комплотот – летоците беа потпишани од Комитетот за ОНО и ОСЗ (општонародна одбрана и општествена самозаштита) со кое јасно се бара од работниците да излезат на штрајк и да не дозволат замрзнување на „скромните плати“. Овој орган не беше наивен, најмалку надлежен и секако не без контрола на самиот врв во фабриката (директор на Топла валавница беше Минчо Јорданов, а тој потоа стана и генерален директор на гигантот, кој во негово време се раситни и конечно се затвори)!

Овој протест одекна силно во тогашна Југославија. Милка Планинц како сојузен премиер ја даде својата оставка и многу работи во земјата во која требаше да се среди инфлацијата отидоа по ѓаволите. Впрочем, ако им се попушти на железарци, зошто не и на другите во земјава? Најмногу од сѐ, секако, настрада куповната моќ на тие работници кои добија со протестот зголемување од десет отсто, но ја срушија сета архитектура на борбата, меѓу другото и за нивниот стандард. Да не навлегуваме дали тој модел беше успешен, бидејќи после Титовата смрт на Планинц ѝ се достави меморандум на ММФ со кој се бараше итно враќање на кредитите, претходно одложувани со авторитетот на доживотниот претседател, па се создаде огромна дупка во девизните резерви и низа други проблеми.

Со други зборови, се потроши огромна енергија, се отвори широк простор за незадоволства во државата, а преку затворањето на Рудници и железарница, на крајот се виде кој го извлече најдебелиот крај. Погодувате – работниците во чие име се протестираше. Директорите брзо влегоа во транзицијата, кога фабриките немаа цена и ја отворија – на сегменти – Железарницата како нови газди.

ШТО ДОБИЈА А ШТО ИЗГУБИЈА Работници од Железарница во 1986 година бараа зголемување од 10 отсто на платата и го срушија програмот за стабилизација а набргу останаа без фабриката и работното место

Овој пример само покажува како се злоупотребува провоцираното работничко незадоволство за цели кои на членовите на Синдикатот и не им се согледливи. Да речеме, ако го прашате членот дали сака зголемување на плата од 50 евра тој ќе се согласи. Но ако го допрашате дали сака со тоа зголемување да предизвика по еден месец или два вредноста на тие 50 евра да се поништи во инфлацијата што ќе ја зголеми, барателот може и да се замисли.

И не мора да има таква процедура, прашање е како и зошто сево ова го организираа синдикалните лидери кои до вчера ја фалеа Владата за кооперативност и добри резултати од неа? Кога во тек е носењето на ребалансот на буџетот со свои барања и логики, како и во 1986 година. И која „случајност“ – кога после многу обиди и делумни успеси (штрајкот на СОНК), Мицкоски успеа да се „закачи“ за некаков синдикат како спасоносен остров во морето на неуспеси последните години, се јавија нови доброволци. Лидерот на црвено-црните, се разбира, така делумно прави надомест на приврзаници и при очевидната ерозија да добие активни членови кои би го следеле во секој негов обид да ја урне Владата и од улица.

Но да се вратиме на овој штрајк – тој е предизвикуван од барањата за линеарно зголемување на нето платата за близу 50 евра по секој вработен во јавната сфера. Што велат во Владата?

„Фискалните политики за време на тековната криза треба да се планираат согласно веќе постојниот систем на социјална заштита кој се практикува во земјата… за да ја надминеме инфлаторната криза, потребни се храбри и одговорни економски одлуки, кои нема да се водат од дневно-политичката агенда. Тие ќе се засноваат на економските закони, силна анализа и јасна цел – стабилизација, надминување на кризата и економски раст“ е најкусата анализа на министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Не сме ние нешто посебни буџетски „стипси“ – во извештаите и анализите на меѓународните институции, препораките се сведуваат на исто, а тоа е дека земјите треба да дејствуваат со таргетирани мерки, односно мерки со кои ќе се утврди точно кон која категорија на граѓани и фирми се однесуваат. Ова, како што посочува, е во интерес и во насока на одржување на фискалната и макроекономска стабилност на економијата. Ова што го бара ССМ не е таков таргет, бидејќи се однесува на најширок круг на корисници што може да се замисли во една земја – целата јавна управа и услуги. Просто да не можеш да ја доброиш колку се тоа лица на платен список.

Јасно е дека тоа што владата во време на пандемијата стана најголем работодавач (па ги замени грижите за плати и на газдите во приватниот сектор) како да ги направи синдикалците еднонасочни во процените. Но, тоа владата на Заев го направи во услови кога фискалниот простор за реакција е намален, имавме вонредна здравствена состојба, па имавме и големи задолжувања. Но и ССМ треба да се навикне на тоа дека не може да биде поддржувач на потрошувачка од типот „дупка без дно“, односно мора да сфати дека во услови на неминовно земање на големи и тешки финансиски обврски надвор сите општествени субјекти се соодговорни за економските состојби.

При креирањето на фискалните политики мора да се земе предвид и овој момент, со оглед на растот на цената на пазарите на капитал, кој се очекува.

„Фискални мерки треба да има во секој случај, но фискалниот одговор за време на пандемијата и во текот на оваа ценовна криза, во секој случај, треба да се различни, бидејќи, различна е и природата на кризата и тековните услови за финансирање и спроведување на мерките“ – поентира министерот Бесими.

Па, оној кој сега штрајкува во јавната управа и јавните услуги треба да земе предвид и дека е прекуброен, дека добива работа за која нема соодветно враќање со услугите, нема квалификации за таа работа, дека државата се обидува да му ја субвенционира струјата (преку оние категоризации), дека од друга страна добива бенефициран јавен сообраќај и уште што ти не, бидејќи и ние, како и целиот свет сме во криза. Или да напишеме со големи букви: КРИЗА.

За најголем дел од елементите на таа криза (подобро би се рекло – кризи) земјава не е одговорна. Тоа е секако нешто за што мора да постои сеопшта одговорност, а субјекти кои не се однесуваат така (како во случајов лидерите на ССМ) се одговорни пред јавноста, ако не пред својата совест. Да потсетиме дека инфлацијата, која ги загрозува сите сегменти на потрошувачката направи земјава (власта) да се концертира на два сегменти – енергија и храна и дека на тоа се користат најголем дел од ресурсите во држава, која, сепак и онака има широк фронт на социјални мерки!

По завршувањето на минорниот митинг од 18 јуни (изброени 12 илјади учесници) Мицкоски и неговата камарила најавија дека сега ќе продолжат со користење на – да симплифицирам – туѓи, позајмени штрајкови во низа, за правење на постојан хаос во државата. Почнаа од понеделникот, со полицијата во судовите, потоа дојдоа на ред дуќанџиите во ГТЦ, па сега штафетата премина на ССМ…

Да се вратиме на почетокот на текстот – во средата навечер во Кремљ веројатно отвораа шампањско. Ја срушија владата на Петков во Бугарија, а така ја одложија и можната разрешница за приемот на земјава во одаите каде се преговара со ЕУ, продолжуваат вознемирувањата на македонската Влада (оваа Влада, да појасниме, која ја сметаат за свој непријател), па нека биде тоа за привремен крај за тој ден, спречија еден елитен македонски клуб да биде дел од ЛШ. Бидејќи, еден руски тајкун кој тука имаше широк избор на заработувачки, а мали „вратки“, уште понавреме се повлече од таквите свои мали финансиски екскурзии.

И да не заборавиме – и работниците на Железарница не беа свесни дека некои далечни конци ги тераа да бидат кукли во покрупни стратегии. Цената која тие – па и сите ние – на крајот ја плативме беше преголема во однос на формалните барања кои некој друг им ги скроил на некаков валкан кафеански чаршав.

Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според условите на Creative Commons 4.0.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ