Рафинеријата за нафта во руската област Ростов гори по напад со дронови.
Пожар избувна во рафинеријата Новошахтинск во руската област Ростов, објави порталот за вести 1Rnd, пренесува Укринформ.
Според локалните власти за вонредни состојби, пожарот бил локализиран на само 50 квадратни метри, а подоцна наводно и изгаснат.
На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како дрон паѓа на местото на рафинеријата.
?В Ростовской области горит Новошахтинский нефтеперерабатывающий завод, который принадлежит куму Путина Виктору Медведчуку.
Появилось видео на котором видно, что удар по российскому НПЗ нанесен с помощью дрона. pic.twitter.com/HrzK5x7MLH
— 10 квітня (@buch10_04) June 22, 2022
Пожарот во рафинеријата Новошахтинск изби откако над централата беа забележани два украински дрона. Едниот падна врз постројката за пренос на топлина, по што изби пожар. Другиот дрон одлета, објави Тасс според неименуван извор од локалната власт.
Од целосната руска агресија врз Украина, на 24 февруари, забележани се неколку пожари во важни индустриски капацитети во Русија.
Подготви: Д.Мишев