Пожарот кај селото Соколарци во општина Чешиново-Облешево е сѐ уште активен. Пожарот го гасат трите ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи. Во гаснењето на пожарот учествуваат три екипи на ТППЕ Кочани и екипи на Доброволното противпожарно друштво Кочани.
Како што информираат од ЦУК сувата трева гори многу бргу, а ветрот што почнува да дува, го носи огнот на разни страни и постои опасност тој да се приближи кон населено место или да навлезе во висококвалитетна шума.
Просторот кој го зафаќа пожарот е над 50 хектари и во моментот се движи во правец на селото Рајчице, во дел на непристапен широк шумски појас.
– Горат и трња, што се исто така лесно запаливи. Од тие причини, да не биде загрозено некое од локалните села, ангажирани се три ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, делуваше и еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи. Во секој момент треба да пристигне уште еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, појасни Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, пренесува МИА.
Неколку пати повеќе граѓани се јавиле на единствениот повикувачки број за итни повици 112 и пријавиле пожар на трева, грмушки и нискостеблеста деградирана шума на ридот близу манастирот „Св. Ѓорѓија“ кај селото Соколарци.
-. Просторот кој го зафаќа пожарот е над 50 хектари и во моментот се движи во правец на селото Рајчице, во дел на непристапен широк шумски појас, информира ЦУК.