Децата се најчести жртви на повреди, трауми и несакани трагедии од употребата на распрскувачки материјали и несовесна употреба на оружје, несакани жртви поради брзо возење под дејство на алкохол или наркотични средства, како и физички пресметки за време на новогодишните празници.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали децата се безбедни за време на новогодишните празници?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа