Контурите на новиот светски поредок се јасно обележани. Регионот е нестабилен. Евроинтеграциите се „замрзнати“. Што значи тоа за меѓународната положба на Северна Македонија?
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Каква иднина има нашата земја на меѓународен план?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа