Албанија ќе го отвори првиот кластер од преговорите за прием во Европската Унија на 15 октомври. Со тоа, Албанија се одвојува од Северна Македонија чиј процес е закочен со условот да ја внесе бугарската заедница во Преамбулата на Уставот.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што очекувате од посетата на Орбан во нашата земја?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Јасно е дека некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори, вклучително и анонимните, ќе бидат објавени во посебен прилог.
Редакција ЦивилМедиа