Власта тврди дека протестите ги организира опозицијата, а провладините медиуми заокружуваат луѓе и ги посочуваат како доказ дека протестите се опозициски.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за реакцијата на власта на граѓанските протести „Правда за Фросина“
Што мислите вие за ова и за протестите воопшто? Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата. Учествувајте!
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа