Кога го дискутиравме денешното ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ, еден член на Редакцијата на ЦИВИЛ МЕДИА утрово кратко искоментира:
„Според мене, поврзувањето на поимите социјални политики и Влада во старт ќе предизвика контра-прашање – вие се за***вате?“
Иако ваквата реакција можеби е очекувана и сосема разбирлива, Редакцијата сепак реши да оди со прашањето:
Што мислите за социјалните политики на Владата?
Секој работен ден, од 2 септември 2024 година, ЦИВИЛ поставува ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ, кое предизвикува силен интерес кај граѓанките и граѓаните – со стотици коментари, пораки и мејлови досега.
Ова е пример како публиката директно учествува и влијае врз креирањето на медиумските содржини. Секој има право да го изрази својот став, да биде слушнат и да бара одговорност.
Власта постои за граѓанките и граѓаните – не обратно.
Молкот не е опција. Прашањата се право. Одговорите се обврска.
Затоа го поставуваме ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ.
Учествувајте.
РЦМ











































