Денешното „Прашање на денот“ е посветено на вчерашното одбивање на пратениците на ВМРО-ДПН и владиното мнозинство да гласаат за предлогот на СДСМ на дневен ред на седницата да влезе акон за помош на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.
Овој потег на народните избраници од владејачката коалиција предизвика широка дебата на социјалните мрежи, во медиумите и меѓу граѓаните.
Со поставување на ова прашање, ЦИВИЛ им дава можност на граѓаните да го искажат своето мислење, став или забелешка поврзана со темата. Целта е да се поттикне активна граѓанска дебата и да се овозможи простор за размена на различни перспективи.
Ве повикуваме да се вклучите во дискусијата и да ги споделите вашите мислења под објавата на нашата Фејсбук страница.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа