• Latest

Праските од рускиот ќе се префрлаат на британскиот, косовскиот или албанскиот пазар

August 14, 2018
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Праските од рускиот ќе се префрлаат на британскиот, косовскиот или албанскиот пазар

August 14, 2018 15:13
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Британскиот, косовскиот и албанскиот се потенцијалните пазари за македонските праски, бидејќи од утре и официјално нема да се извезуваат во Русија, рече денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски. 

Според него, Македонија се уште не е официјално информирана за времената забрана од руска страна зашто комуникацијата меѓу двете земји, поради новата владина структура во Русија, е отежната. Денеска била иницирана средба со руските дипломатски претставници во Македонија. Внимателно се прават обиди да им се помогне и на производителите и на откупувачите.

– Во моментов, проблем е новата владина структура во Русија. Нема копретседател на македонско-руската меѓувладина комисија од другата страна поради што комуникацијата е отежната. Јас сум копретседател од македонска страна. Ние ги направивме сите обиди во изминатиот период, и со мојата посета на Москва и со мојата средба со тогашниот копретседател, за да градиме партнерски односи, истакна Николовски.

Во меѓувреме, се прават максимални напори за пласман на праските во други земји, а паралелно течат и инспекциските контроли на откупните пунктови за да се утврди колкаво количество нема да отиде во Русија.

– Македонија се уште не е официјално информирана, по ниту еден основ, ниту од Министерството за надворешни работи, ниту по дипломатски, ниту по кои било други извори. Информацијата следеше по објавата на официјалните страни од страна на Русија, но по официјален пат не сме информирани. Сепак, презедовме се што е неопходно. Испратени се писма и од Државниот инспекторат за земјоделство и од Фитосанитарната управа. Паралелно се засилени мониторинг контролите на откупните пунктови зашто станува збор за производи што веќе се наоѓаат во откупните центри. Да оставиме Инспекторатот да ги утврди количините на производството тангирано со времената одлука на Русија за време на ограничувањето што стапува во сила од утре, потенцира министерот.

Изминативе денови се правеа контакти со сите откупувачи и производители за да се реши проблемот. Николовски и лично се заложил компанија од Лондон да ја разгледа можноста за увоз. Нејзини претставници утре ќе бидат на терен во Росоман.

– Претежно се прават контакти со фирми што доаѓаат да инвестираат во Македонија, а сега се тука од Англија. Правиме напори производството да го пласираме во Косово и Албанија. Се трудиме внимателно да обезбедиме пласман за овие количини, рече Николовски, додавајќи дека се работи за крај на сезона.

Tags: албанскиот пазарбританскиоткосовскиотПраските
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ