Во пресрет на утрешната пленарна седница во Собранието, на која ќе биде разгледуван „францускиот предлог“, на Твитер се споделуваат телефонските броеви на пратениците од власта, и се повикуваат граѓаните да извршат притисок на овие пратеници со порака да не го предаваат народот.
Порачајте им да не вршат предавство и да го слушаат македонскиот народ pic.twitter.com/dPSRHCOY1G
— Тетка Доста (@TetkaDosta) July 12, 2022
Од пратеничката група на СДСМ, чии пратеници се најдоа на листата, за ЦИВИЛ Медиа ја дадоа следната изјава:
„Телефонските броеви секако се јавни и достапни на сите граѓани. Но, ова е дел од црните сценарија на оние кои не и мислат добро на земјата и ова го користат единствено како гола борба за власт и спасување од криминал.
Уверени сме дека граѓаните нема да подлегнат на шпекулациите и лагите, затоа што заклучоците што ќе ги предложиме и гласаме гарантираат продолжување на европскиот пат со безусловно почитување на македонскиот јазик и безусловно почитување на идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, сега и секогаш во иднината“, изјавија од пратеничката група.
Пленарната седница во Собранието е закажана во 13:30 часот.
Драган Мишев