Пратеникот Димитар Апасиев од Левица се „истакна“ со нов повик на јавен линч и говор на омраза, овој пат, кон новинарот од ТВ Телма, Боби Христов.
Апасиев на својот Фејсбук и Твитер напиша: „Добар ден на сите, освен на БОБИ ХРИСТОВ од Телма, кој бара суспензија за спортскиот коментатор Тони. #ЛиглеСеверџанско“.
Неговата објава и на двете социјални мрежи предизвика големо внимание и дополнителни навреди кон новинарот Христов, кој има над 200 споделувања.
„Од сите тв презентери он има нај удри ми бокс фаца!!!“, е еден од коментарите упатени кон Христов.
И на Твитер слични коментари: „За вакви треба ќотече“ и „Не ќотече, газење треба газење“.
Засега сè уште нема реакција ниту од Здружението на новинари на Македонија, ниту од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ