Пратениците од Собранието на Република Македонија на четвртото продолжение на 8. седница вчера расправаа по предлог одлуката за именување на функцијата заменици на Генералниот секретар на македонското Собрание, јавува МИА.
Според пратениците од опозицијата изборот на петмина заменици на генералниот секретар на македонското Собрание е создавање дополнителни трошоци и задоволување на внатрепартиски и коалициски пресметки. Побараа да се запре постапката, да се смени Законот за Собранието на РМ, и да се предвидат процедури и критериуми за избор на заменици на генералниот секретар.
Пратеникот Аџиески Костадин од Коалицијата на СДСМ, рече дека функционирањето на пет заменици Генералниот секретар ќе значат поефикасно Собрание, а ќе чинат помалку од еден фрагмент од еден споменик од проектот Скопје 2014.
Заменик координаторот на пратеничката група на Беса Фадил Зендели, рече дека дебатата има правен проблем, бидејќи кандидатката Ермира Асани Салија, предложена од партијата веќе има друга функција, односно е член на Државната изборна комисија.
„Ова е правен проблем, а не процедурален и каков таков е спорен да се раѕгледува, бидејќи има еден кандидат кој се повлекува. Мора да се оди со нов предлог на Комисијата за избори и избори и повторно да се врати во Собрание и да се одлучува како целина“, рече Зендели.
Претседателот на собранието, Талат Џафери, посочи дека нема правен проблем бидејќи Собранието треба поединечно да се изјаснува за кандидатите, како и дека Ермира Асани Салија писмено поднела изјава дека се повлекува о изборот заменик секретар.
Другите двајца кандидати кои ги предложи Комисијата за прашања за избори и именувања се ММики Милковски и Марјана Кацароска.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.