• Latest

Правна разврска за настаните во Собранието од 27 април

December 2, 2017

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Правна разврска за настаните во Собранието од 27 април

December 2, 2017 10:00
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Четири дена во фокусот на јавноста е апсењето и правната разврска за настаните што се случија на 27 април во Собранието на Република Македонија.

Вчера, македонското Собрание на седница го одобри барањето на Кривичниот суд за притвор на пратениците Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудовски, Љупчо Димовски и Сашо Василевски со што заврши постапката предвидена со Деловникот на Собранието и Уставот за симнување на пратеничкиот имунитет на шестмината пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ поради настаните од 27 април во Парламентот.

На седницата не присуствуваше пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која оцени дека седницата е „политичка фарса, чија единствена цел е реваншизам, сеење омраза и уништување на сите оние кои што мислат различно“.

По завршувањето на собраниската седница, претседателот на Парламентот Талат Џафери ги потпиша одлуките за симнување на имунитетот на шестмината пратеници и тие веќе се проследени до Кривичниот суд.

Шестмината пратеници се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април.

Како што изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, се трага уште по шест од вкупно 36-те лица.

Апсењата на осомничените за настаните од 27 април почна во вторникот кога меѓу приведените беа и поранешниот министер за внатрешни работи и директор на УБК, Митко Чавков, шесте пратеници и предводниците на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. На дел од нив им беше одредена мерка притвор од 30 дена, а дел добија куќен притвор.

Вчера беа прифатени жалбите на Основното јавно обвинителство со што пет лица на кои првично им беше определен куќен притвор, им е определен 30-дневен притвор.

Поранешниот министер за внатрешни работи Чавков, на кој исто така му е одредена мерка притвор од 30 дена, штрајкува со глад.

Поради актуелните случувања, опозициската ВМРО-ДПМНЕ секој ден блокира улици и одржува протести пред Кривичниот суд во Скопје.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: 27 априлЖаклина ПешевскажалбиЈохан ТарчуловскиКрсто МукоскиЉубен АрнаудовскиЉупчо ДимовскиОЈОправдапритворСашо ВасилевскиСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ