• Latest

Правни аспекти на кандидирањето на осудени лица

October 2, 2017

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Правни аспекти на кандидирањето на осудени лица

October 2, 2017 13:17
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во изборната пракса во Македонија се игнорира одредбата од член 106, став 5, од Кривичниот законик, според која, никој нема право да бара од граѓаните да поднесуваат докази за својата (не)осудуваност.

Пишува: Сандра Гавриловска

Во тој контекст, предвидената обврска на кандидатите за градоначалници на досегашните, како и на претстојните локални избори закажани за 15.10.2017 година, да достават доказ – потврда/уверение од казнената и кривичната евиденција (согласно, последното Упатство за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатските листи за локални избори, донесено од страна на Државната изборна комисија на ден 21.07.2017 година – Глава I, дел 6 – Прилози кон поднесените листи), е целосно спротивна на одредбата од Кривичниот законик дека никој нема право да бара од граѓаните да поднесуваат докази за својата (не)осудуваност.

Исто така, согласно позитивната, односно важечка законска регулатива, во смисла на одредбите од член 7 став 3 од Изборниот законик, кандидат за пратеник, член на совет и градоначалник не може да биде:

– лице осудено со правосилна судска одлука на безусловна казна затвор над 6 месеци, чие издржување сè уште не е започнато и

– лице кое се наоѓа на издржување на казна затвор за сторено кривично дело.

Според ваквите законски одредби, лице кое е осудено на казна затвор и веќе ја издржало истата, нема правна и законска пречка да биде кандидат за градоначалник. Или, поинаку кажано, поранешен осуденик и затвореник може да биде вршител на јавна функција, па и кандидат за градоначалник, a осудено лице кое не го започнало издржувањето на изречената затворска казна или се наоѓа на издржување на казната нема право да се кандидира за градоначалник.

Љуботен, 2001 година

Се наметнува прашањето: Дали одредбите од член 7 од Изборниот законик го ограничуваат уставно гарантираното право на секој граѓанин (утврдено во член 23 од Уставот на Република Македонија) да учествува во вршење на јавни функции, односно да биде кандидат, на пример за градоначалник, за кој ќе се гласа на избори?

И зошто ограничувањата на правото на секој граѓанин да врши јавни функции, се однесуваат само на осудените лица кои не го започнале издржувањето на изречената затворска казна или се наоѓаат на издржување на казната, а не и на осудените лица кои веќе ја имаат издржано изречената затворска казна, но не се избришани од казнената евиденција?

Притоа, бришењето од казнената евиденција, односно законската и судската рехабилитација, подразбира бришење од казнената евиденција кога ќе поминат 5 години од денот на издржаната, застарената или простената казна, ако за тоа време осудениот не стори ново кривично дело (и тоа за осудите на затвор до 3 години) или на молба/барање на осудениот, во рок од 5, 10, 15 односно 20 години (за осудите на затвор над 3 до 5 години, над 5 до 10 години, над 10 до 15 години, односно 20 години).

Останува дилемата дали, за да се гарантира уставното право на секој граѓанин да врши јавни функции, во иднина, од кандидатите  не треба да се бара да поднесуваат докази за својата (не)осудуваност, што подразбира усогласување на Изборниот законик со овие уставни и законски одредби, или пак, измена на Уставот и Кривичниот законик.

Во секој случај, бришењето од казнената евиденција, односно законската и судската рехабилитација, треба да биде критериум за евентуална можност на осудените лица да се кандидираат за пратеник, член на совет или градоначалник.

 


Врз основа на низа прашања упатени до ЦИВИЛ, за легитимноста на кандидирањето на Јохан Тарчуловски за градоначалник на Општина Кисела Вода, побаравме експертски став. Авторката на ова експертско мислење е адвокатка, и правен експерт при Експертскиот борд на ЦИВИЛ.

Tags: изборикандидатураосудуваностТарчуловски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ