• Latest

Правосудството прво под лупата на ЕУ

August 6, 2018
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Правосудството прво под лупата на ЕУ

August 6, 2018 09:10
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Состојбата во правосудството, реформите во оваа сфера, законите, колку во земјава има владеење на правото, транспаретни и ефикасни судови, непристрасни судии и јавни обвинители, департизација и правосудни органи во служба на граѓаните, кои треба целосно да ги уживаат своите човекови права ќе бидат во фокусот на почетокот на скрининг процесот за подготовка на земјата за пристапни преговори со ЕУ.

Поглавјето 23, кое се однесува на правосудството и основите права ќе биде првото кое ќе биде ставенo по лупата на ЕУ, а како што е најавено, тоа ќе се случи во септември.

Календарот на скринин процесот е утврден, а за тоа извести кон крајот на минатиот месец вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, кој е назначен и за политички преговарач.

Договорен е прелиминарен календар за скенирање на поглавјата, а Владата веќе ја усвои и преговарачката структура за пристапување на РМ во ЕУ.

– Имаме целосен календар како тоа ќе се случува се до јуни 2019 година. Меѓутоа, паралелно ние работиме на воспоставување на структурата и подготовка на државата за овој важен процес, рече Османи кон крајот на минатиот месец. По поглавјето 23, почнува скринингот на поглавјето 24, па следат 5, 30…

Бујар Османи

Политиките на ЕУ во областа на правосудството и фундаменталните права имаат цел да ја одржат и понатаму да ја развиваат Унијата како простор на слобода, безбедност и правда.

ЕК на својот сајт каде ги појаснува поглавјата, во делот за Поглавјето 23 нагласува дека воспоставување на независно и ефикасно судство е од суштинско значење за секоја земја која сака да стане дел од ЕУ. Непристрасноста, интегеритетот и високите стандарди на правосудните работници се суштина за вистинско владеење на правото.

Сето ова, нагласува ЕК, бара цврста заложба дека ќе се елиминираат надворешните влијание врз судството и ќе се обезбедат соодветни финансиски извори и обуки за вработените во овој сектор.

ек

Унијата бара законски гаранции за одржување фер судски процеси. Земјите-членки мора подеднакво да се борат против корупцијата, бидејќи таа претставува закана за стабилноста на демократските инстититуции и владеењето на правото.

– Цврсти законски рамки и безбедни институции се потребни за воспоставување на една кохеретна политика за превенција и спречување на корупцијата. Земјите-членки мораат да обезбедат почитување на основите човекови и граѓански права, нагласува Комисијата.

Владата интензивно се подготвува за скринингот, а паралелно се одвиваат и процесите на имплементација на Договорот од Преспа и одржувањето на претстојниот референдум. 

Премиерот Зоран Заев верува во македонското правосудство многу повеќе, отколку во минатото, но не целосно.

Во интервјуто кое во петокот го даде за 1ТВ напомена дека земјата треба да дојде до нивото кога законите еднакво ќе важат за сите и истакна дека реформите во оваа сфера се на самиот почеток.

– Јас сум тој, кој буквално од внатре го отвори судството, додека бев шеф на опозицијата, му пркосев. Тогаш се покажа дека судството е политичко-партиски контролирано. Денес се повеќе верувам во правосудството, но не можам да кажам дека целосно, докрај верувам. Реформите се на самиот почеток. Прва фаза во делот на законодавството е помината, следуваат втора и трета фаза, нагласи Заев.

Заев 1 ТВ мала

Во врска со тоа дека судиите се истите од времето за кое вели дека судството било политичко-партиски инструирано нагласи дека дел од нив ќе се прочистат преку нивната одговорност, согласно законот, а вториот дел ќе бидат обележани од страна на јавноста.

– Вториот дел од реформите значи комплетна транспарентност, секоја записник, одлука, јавно да бидат објавени и граѓаните да гледаат, рече Заев и додаде дека во текот на реформите ќе остане делот секој индивиудално да одговара, секој судија, обвинител да ја сноси личната одговорност за својата работа.

Заев нагласи дека секој граѓанин, кој смета дека е жртва на политички монтиран процес може да реагира.

– Секој што смета дека е политички обесправен во барањето на правдата има можност да го обнови својот судски процес. Треба да испрати само едно барање до СЈО од материјалите ќе добие нов доказ, дека бил слушан на пример. Второ имаме барање за заштита на законитоста преку непристрасен јавен обвинител. Новиот државен обвинител е ескпертски поставен, вели Заев.

Скринингот официјално беше отворен на 17. минатиот месец со посетата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на Скопје. Тоа е всушност процес на аналитички преглед на целокупното европско законодавство, кој се спроведува во рамките на процесот на пристапните преговори. 

Заев Хан прес скрининг

Секоја земја која станала членка на ЕУ поминала низ овој процес. Вообичаено во сите негови фази може да трае од една до две години и истиот е унифициран за сите земји, бидејќи европското законодавство важи за сите подеднакво.

Според претходните искуства од земјите кои поминале низ процесот пред нас или оние кои во моментов преговараат, најчувствителни се поглавјата 23 (Правосудство и фундаментални права) и 24 (Правда, слобода и безбедност). Согласно новата пракса на ЕК во преговорите први се отвораат токму овие две поглавја.

Најобемни се поглавјата 11 (Земјоделство и рурален развој), 12 (Безбедност на храна, ветерина и фитосанитарна политика), 27 (Животна средина).

Има вкупно 35 поглавја, но само во 33 има конкретно европско законодавство (Acquis). Поглавјето 34 е за утврдување на институционалните прашања, додека поглавјето 35 е за се „останато“. (МИА)

Tags: лупа на ЕУреформискрининг процессудство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ