• Latest
16. конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Јана Поповска/kolektif.mk

Празнична чистка во ВМРО-ДПМНЕ

October 23, 2018
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Празнична чистка во ВМРО-ДПМНЕ

October 23, 2018 15:24
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
16. конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Јана Поповска/kolektif.mk

16. конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Јана Поповска/kolektif.mk

Share on FacebookShare on Twitter

Празнично, како што доликува, Денот на македонската револуционерна борба е во знакот на ВМРО –ДПМНЕ, кое, по вчерашната седница на Централниот комитет на партијата, не се знае во кој правец ќе оди.

Пресуда за внатрепартиските предавници на ВМРО –ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО –ДПМНЕ не присуствуваше на вчерашната седница на Централниот комитет на партијата. Во негово отсуство, разрешени беа потпретседателот на партијата и актуелен градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, членот на Извршниот комитет Костадин Богданов, се поведе дисциплинска постапка за исклучување на Сашо Мијалков и Никола Тодоров, а истовремено се побара од  пратениците кои гласаа за уставните измени да ги вратат мандатите.

Новиот потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски побара од осумте пратеници кои гласаа „за“ уставните измени да поднесат оставки од своите позиции, бидејќи работат спротивно на волјата на граѓаните.

Од друга страна, Митко Јанчев ќе ги тужи затоа што, според него, на вчерашната прес-конференција од Александар Николовски биле упатени ниски и агресивни обвинувања за закани, поткуп и криминал, кон Јанчев, рамо до рамо со Сашо Мијалков.  Поради таквите навреди од Мицкоски и Николовски бара јавно извинување од двајцата.

„Во спротивно кон нив двајцата ќе поднесам приватни тужби за клевета и навреда на мојата личност“, изјави Јанчев.

Исклучувањето на Сашо Мијалков, Никола Тодоров, Митко Јанчев беше проследено со бројни коментари на социјаните мрежи, а најактивна беше твитер заедницата.

„Им пееја песни, им пишуваа книги, ги сликаа на платно, ги тетовираа… и сега ги исклучуваат“, „Се очекува исклучување на Гоце Делчев од ВМРО“, „Едвај чекам да го исклучат ВМРО од ДПМНЕ и да го вратиме на историјата. Нормално, забрана за користење во иднина“, беа дел од твитер коментарите.

Во медиумите денеска одекна вест дека СЈО го вратил одземениот пасош на поранешниот директорот на контраразузнавање Сашо Мијалков против кој има повеќе кривични пријави.

Од СЈО ја демантираа оваа вест: „СЈО досега не донело ниту една позитивна одлука по барањата за враќање за патните исправи поднесени од лица на кои истите им се одземени а против кои СЈО покрена кривични пријави“

Кривичниот суд исто така ја демантираше информацијата истакнувајќи дека не постапувал по барање за укинување на мерката за претпазливост на Сашо Мијалков.

#Кежо

Пред точно пет години, стотици граѓан(к)и, новинари и граѓански активисти беа спречени од страна на полициски сили да одржат мирен протест пред Музејот на македонската борба за државност и самостојност, поради казнувањето на новинарот Томислав Кежаровски.

ЦИВИЛ –Центар за слобода тогаш поведе меѓународна кампања под називот КЛИКНИ ЗА СЛОБОДА, заедно со „Репортери без граници“ – Германија, N-ost – Мрежа за известување за Источна Европа и Балканската истражувачка репортерска мрежа. Во заедничка реакција, овие организации оценија дека апсењето на Кежаровски е замислено со цел да го заплаши него, но и сите останати медиуми. Беџеви со слоганот Je suis Kezharovski, „Слобода за Кежо“ и други слогани се носеа низ целата земја. Тој стана еден од симболите на македонското новинарско востание.

Минатата година Кежаровски ја промовираше својата книга „Живот во кутија“, на чија промоција беа присутни сите пријатели на Кежаровски. Книгата на Кежаровски е многу повеќе од сведоштва за хоророт на Кежаровски и на неговото семејство.

Позитив на денот

Државниот музичко балетски училишен центар – Илија Николовски Луј, вчера ги додели наградите за најдобрите ученици од учебната 2017-2018 година.

Оваа година за најдобар ученик на теоретскиот оддел е награден Виктор Тошевски, ученик со оштетен вид.

ЦИВИЛ Медиа во соработка со граѓанскиот новинар Дамјан Темков, објави неколку стории за Виктор, неговите успеси но и секојдневните препреки со кои се соочува еден ученик со оштетен вид.

Музиката е животот на Виктор…“, вака пред седум месеци ЦИВИЛ Медиа заедно со неговиот професор по хармонија ја започна приказната на Виктор.

Сторијата ги разбуди институциите па веќе неколу дена по објавувањето на сторијата за Виктор реагираше неговото училиште од каде тој доби нов преносен компјутер.

Приказната на граѓанскиот новинар Дамјан Темков, професор во ДМБУЦ Илија Николовски Луј, за неговиот ученик Виктор Тошевски која предизвика бура од реакции во јавноста, но започна да ги буди и институциите беше и една од првонаградените стории на граѓански новинари кои ЦИВИЛ ги доделува на секои два месеци.

Б. Јордановска


фотографија во прилог на текстот: Јана Поповска/kolektif.mk

Tags: Виктор ТошевскиВМРО-ДПМНЕодбележувањепромениТомислав Кежаровскиуспех
Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ