Новинарите се во полн состав, повеќето во собраниското бифе, а парламентарците се низ ходниците и канцелариите.
Неизвесноста уште трае во Собранието. Не се знае точно што всушност се чека и на кого се чека. Собраниската седница беше закажана за 15 часот. Претходно во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски побара од собранискиот спикер Талат Џафери со почетокот на седницата без одложување да започне и гласањето за уставните промени.
Пратениците на СДСМ и коалицијата, пред почетокот на денешната собраниска седница изјавија дека очекуваат двотретинско мнозинство уште денеска.
Б. Јордановска
Видео: Маја Ивановска