• Latest

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје ќе почне да се гради во јуни 2022 година

March 21, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје ќе почне да се гради во јуни 2022 година

March 21, 2021 13:24
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со неколку месеци одложување во однос на првичниот рок, наместо на крајот од 2021 година, пречистителната станица за отпадни води во Скопје би почнала да се гради во јуни 2022 година. До тогаш треба да се заврши изборот на најповолен изведувач на работите и надзорна компанија, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Тендерската постапка која што започна минататото лето во моментов е дојдена до завршување на изборот на компании за кратката листа, при што до Европската инвестициона банка (ЕИБ) се доставени евалуациони извештаи и се чека на нивното одобрување за компаниите за градба. ЕИБ веќе го има одобрено Извештајот за кратката листа на компании за надзор над работите.

„Во моментов се финализира тендерската документација. Се планира достава на покана за доставување на понуди од страна на компаниите кои ќе бидат избрани на кратката листа во април 2021 година“, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

По доставувањето на понудите од компаниите, во јуни 2022 година ќе се избере најповолниот понудувач што ќе ја гради пречистителната станица за отпадни води во Скопје. Во фазата на претквалификација од објавената тендерска постапка, минатата есен ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираше дека биле поднесени 12 апликации од компании или конзорциуми заинтересирани за изградба на станицата.

Освен до Министерството за животна средина и просторно планирање, прашања за изградбата на овој капитален објект за главниот град испративме и до ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, кои се јавуваат во својство на инвеститор. По речиси еден месец испраќање на мејлови и телефонски повици до компанијата, сепак до денешен ден „Мета.мк“ не доби одговори на поставените прашања.

Клучен дел што треба да го заврши ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје е изградбата на двата колектора од левата и од десната страна на реката Вардар, кои треба да ги одведуваат отпадните води од Скопје до идната пречистителна станица што ќе се наоѓа во близина на населеното место Трубарево. Изведбата на двата колектора веќе доцни со реализација и пробиени се претходно зададените рокови за изведба. Нивната изградба почна во јуни 2018 година, а требаше да се завршат до 2020 година.

Инаку, пречистителната станица за отпадни води во Скопје е со проценета вредност од 136 милиони евра. Предвидено е во овој капитален објект да се третираат отпадните води на над 500.000 жители од главниот град, со што ќе се надмине моменталната состојба на директно испуштање на овие непречистени води во реката Вардар.

„Мета.мк“ веќе подолг период пишува дека водите на реката Вардар бактериолошки се класифицираат во најлошата четврта категорија на загадување, додека хемиски се меѓу четврта и петта категорија на загадување. Поради ова, забрането е капење во водите на Вардар, наводнувањето на земјоделските површини, ловењето на риба за исхрана и користењето на бунарите за вода за пиење што се наоѓаат до самата река.

МЕТА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ