Твитерџиите не чекаа многу за да излезат со свои реакции по објавување на видео снимка во италијанскиот весник „Ла Верита“ каде што се гледа дека Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец земаат поткуп од 1.500 000 евра од Орце Камчев кој е обвинет од СЈО за случајот „Империја“.
„Пред СЈО во шест, ќе ги броиме парите од рекетот“, пишува твитерџијата Трале ТраЛаЛа.
„Не било рекет туку Катица и Боки му пееле Коледеледе хехе“, пишува твитерџија.
„Боки 13 излегува од кај Орце Камчев со полна торба нескенирани фискални, #МојДДВ“, пишува Драган Дацко Додевски.
„Сега имаме ваков случај: обвинителката за организиран криминал што е на одмор, треба да ја апси другата обвинителка gone rogue, која исто така е на одмор. Ова ли е тоа што го викаат правен вакуум?“, пишува @Никсон, на Твитер.
Долина на рекетарите – ЕП 1 pic.twitter.com/Iaj0FQgbuD
— Семир (@Semir_k11) August 8, 2019
„#Ж избега, Тодоров си ужива, Двојче во Хрватска, Гоца со детето, Мијалков и Орце со фирмите, рекетирање на секој чекор…Само Кочан во притвор… Ова ли е безмислосната борба со криминалот и корупцијата??“, коментира @EmptyPersona.
Д.М.