• Latest

Предлог-буџетот за 2021 година на расправа во Собранието

November 24, 2020
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Предлог-буџетот за 2021 година на расправа во Собранието

November 24, 2020 09:28
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската расправа по Предлог-буџетот за наредната година почнува од денеска во матичната Комисијата за финансирање и буџет. Согласно Деловникот на Собранието, во Комисијата може да трае до 10 работни дена, потоа со дополнување, доколку има прифатени амандмани, ќе се расправа на пленарна седница. На владиниот Предлог-буџет се поднесени 528 амандмани, од кои најголемиот дел од ВМРО-ДПМНЕ – 390 и останатите од Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Владата го усвои Предлог-буџетот на 11 ноември, а министерот за финансии наредниот ден, на 12 ноември, го достави до Собранието, предавајќи го официјално на претседателот на законодавниот дом Талат Џафери.

Буџетските приходи со предлогот се проектирани на 212,6 милијарди денари или за 8,3 отсто повеќе во однос на вториот ребаланс на буџетот за 2020 година. Расходите за 2021 година се проектирани на ниво од 247,5 милијарди денари или за 2,1 отсто пониско ниво од расходите предвидени со вториот ребаланс на буџетот за 2020 година. Буџетскиот дефицит е проектиран на ниво од 34,8 милијарди денари или 4,9 отсто од БДП, што е за 3,6 процентни поени помалку во однос на проектираниот буџетскиот дефицит за 2020 година.

Во фокусот на овој буџет се заздравување на економијата, забрзан раст, заштита на здравјето на граѓаните, на работните места, на стопанството, кратење на неприоритетните трошоци и подобра реализација на капиталните расходи.

Очекувањата се дека ефектите од рестриктивните мерки поради пандемијата во следната година ќе ослабнат и се очекува растот на економијата да достигне 4,1 отсто и 4,6 отсто во 2022 година.

Од Владата оценија дека предложениот буџет е за економска стабилност и забрзан раст, со долгорочна фискална консолидација за 2021-2025 година.

– Предлог Буџетот за 2021 година, обезбедува одржливост, рационализирање на трошењата со оптимизација на расходите на јавната администрација и дигитализација на јавните услуги, како и прецизни проекции со цел ефикасно справување со епидемијата. Дополнително, обезбедена е буџетска резерва и во случај на продолжено траење на пандемијата, рече премиерот Зоран Заев на заедничка прес-конференција со министерот за финансии на која го претставија предлог-буџетот.

Министерот за финансии Фатмир Бесими наведе дека со овој буџет се почнува нов концепт.

– Кога се подготвуваше буџетот за 2021 пристапивме согласно концептот на СМАРТ финансии. Планираме стратешки, подолгорочно и одговорно, воедно планираме тоа да биде одржливо, реформски и  транспарентно. Планиравме паметно. Се консултиравме со деловната заедница, експерти, универзитетски професори, Делегацијата на ЕУ, Светска банка, ММФ, меѓународната заедница и останати општествени чинители. Со овој буџет почнуваме нов концепт, одиме подалеку од фискалната година од 12 месеци и ја менуваме со петгодишна рамка. Оваа среднорочна рамка го опфаќа растот, дефицитот, јавниот долг, како и капиталните проекти – кои вообичаено се реализираат во повеќе буџетски години и немањето среднорочна рамка е една од причините за послабата реализација, рече Бесими.

Со овој буџет предвидена е стратегија за заздравување на економијата и забрзан раст или SmartER Growth, политики за буџетска консолидација од 2021 до 2025 година и план на јавни инвестиции 2021-2025.

Стратегијата за заздравување на економијата и забрзан раст е насочена, пред се, кон заштита на здравјето на граѓаните, стопанството и работните места, понатаму забрзување на процесот на ревитализирање на економијата и зајакнување на конкуретноста и забрзување на растот по завршување на фазата на ревитализирање.

Очекувањата за 2021 година за нашата економија е дека ќе забележи раст од 4,1 отсто во 2021 година, по што во 2022 година се очекува раст од 4,6 отсто, во 2023 од 5,2 отсто, во 2024 од 5,6 отсто и во 2025 од 5,9 отсто. Проекцијата за 2025-2030 година е просечен раст на економијата од 5,75 отсто.

Предвидено е економското заздравување од Ковид-19 преку мерки за заштита на здравјето на граѓаните и социјалната заштита на најзагрозените категории, како и поддршка на економијата, приватниот сектор и заштита на работните места. По економското заздравување, предвидени се мерки и политики за забрзан, инклузивен и одржлив економски раст. Тие ќе бидат во насока на добро управување – односно владеење на правото, сузбивање на корупцијата и подигнување на капацитетот на институциите. Исто така, обезбедување фискална одржливост, макроекономска и финансиска стабилност. Обезбедување и на локален и рамномерен регионален развој, одржлива и здрава животна средина и дигитализација на економијата и јавните услуги. Ќе се работи и на зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор, на зајакнување на трговските врски и интеграцијата во глобалните синџири, а меѓу врвните приоритети ќе бидат и инвестициите во човечки капитал.

Предвидени се политики со кои во следните пет години постепено ќе се намалува дефицитот и истиот – во 2022 година е проектиран на -3,8 отсто, во 2023 година на -3,2 отсто, во 2024 на -2,8 отсто и 2025 година на -2,1 отсто. Со ова, според Бесими, на среден рок ќе се стабилизира и јавниот долг, односно проекцијата е дека до 2025 ќе се намали на 58,8 отсто од БДП.

Неговите оценки се дека Предог буџетот за 2021 година е буџет за ревитализација на економијата и враќање на патеката на економски раст – раст кој треба да биде двојно поголем во однос на изминатата деценија, или во просек 5 отсто од БДП. Со овој буџет, според него, поставуваме основи за градење на добар систем кој ќе гледа долгорочно, ќе има поголеми капацитети за антиципирање и планирање на политиките и соодветно ќе одговори на различни ситуации создава здрави основи за поголема предвидливост. Новиот систем на финансии – СМАРТ финансии е ориентиран кон стратешко планирање и мерење на резултатите. Ваквите системи се проактивни и даваат резултати./МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ