• Latest

Преглед на настани: Чешка и Словачка го демантираат ВМРО-ДПМНЕ, Бугарија ќе ни донира вакцини, почна исплатата на еднократна помош за граѓаните

December 22, 2020
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Чешка и Словачка го демантираат ВМРО-ДПМНЕ, Бугарија ќе ни донира вакцини, почна исплатата на еднократна помош за граѓаните

December 22, 2020 17:23
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Чешка и Словачка го демантираат ВМРО ДПМНЕ за лажна вест: Никој од Скопје не влијаел на нашето вето

Амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш, и заменик-амбасадорот на Чешка, Лубомир Пшенка, во заедничка изјава, велат дека не постои ентитет од Северна Македонија што влијаел на одлуките на Братислава и Прага да ги блокираат предлог-заклучоците на Советот на ЕУ за проширувањето, пренесува 360 степени.

„За жал, одредени ентитети од Северна Македонија почнаа да шират неточни информации дека влијаеле на донесувањето на одлуките на Прага и Братислава поврзани со процесите во самата ЕУ. Ниту чешката ниту словачката дипломатија се свесни за постоење лоби-напори од некои ентитети кои можеле да влијаат на процесот на донесување одлуки во Прага и во Братислава“, велат во изјавата словачкиот амбасадор и чешкиот заменик-амбасадор.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

(ВИДЕО) Актерката Владанка Димковска за Иницијативата на ЦИВИЛ „Обединети во различноста“

Маричиќ: Ќе има прочистување и ќе се одвојат чесните од нечесните „сваровски“ судии и обвинители

Шаќири: Државата треба прва да им помага на Ромите, а не странските донатори и невладиниот сектор

Адеми: Присуството на маргинилизираните лица во институциите нè учи да ги прифаќаме различностите

 

Наjчевска: Вината често и најлесно се префрла врз жртвата на дискриминација

Димитровска: Домашните организации што ги набљудуваат изборите треба да бидат вклучени во изборните реформи

Симовски: Нема да дозволиме политизација на пописот, јавноста треба да ги знае сите детали

 

ФЛЕШ ВЕСТИ 

„Република Бугарија од секоја пратка на вакцини против Ковид-19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и на нашата земја. Ова утрово беше одлучено на владината седница во Софија каде имав и свое обраќање“, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

На денешната прес-конференција Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси извести дека по пријава од познат пријавител покренала постапка за утврдување на судир на интерес кај градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој склучил договор за консултантски услуги со своето адвокатско друштво. Шилегов бил повикан на разговор и по воочување на судирот на интереси го раскинал договорот со што ДКСК го затвора предметот.

Во следните две до три недели сите да бидеме крајно внимателни, апелираше денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека има некакви позитивни приближувања, ќе се види дали е тоа почеток на крајот на епидемијата и затоа не смееме да ризикуваме уште еден силен бран.

Судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година продолжува на 25 декември, откако на денешното рочиште беа сослушани повеќе сведоци предложени од одбраната.

Во текот на вчерашниот и денешниот ден на сметките на граѓаните се уплатени вкупно 1.51 милијарди денари, или 24,6 милиони евра, со кои се поддржуваат ранливите групи на граѓани.

Апсолутно е јасна поддршката за нас од страна на сите преостанти 26 земји членки на ЕУ. Комуникацијата со официјална Софија продолжува во насока на изнаоѓање решение, имаме волја да продолжиме понатаму, да не изгубиме ниту еден ден, ниту билатералните прашања не треба да бидат пречка за европските процеси, па ниту изборите да бидат пречка за решавање на билатералните разлики, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

 

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Начинот на кој Министерството за образование и наука се впушти во реформа на наставните програми за основното и средното школство во Македонија се чини како школски пример за тоа како НЕ ТРЕБА да се изведуваат овој вид на реформски зафати: прво да ги објавите суштинските решенија („новата концепција“, „интегрираните наставни програми“ и сл.) во реформите, а потоа да организирате консултативни средби со засегнатите страни (синдикати, професионални здруженија, невладини организации, надворешни експерти и тн.)“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Образовна реформа „од заседа“?“.

„Дали пожарникарот е должен да гаси пожари само од 8 наутро до 4 навечер (или како им се веќе смените на овие невидливи херои на денешницата)? Дали пожарникарот по завршувањето на својата смена може да биде, да речеме, пироман? Одговорот на ова прашање се наметнува самиот по себе. Истата аналогија може да се направи и со оние што облекле војничка униформа и се заколнале дека ќе ги чуваат мирот и безбедноста на државата. Можат ли тие во работно време да бидат војници и офицери во армијата на својата земја, а по завршувањето на смената, да бидат нешто сосема друго, да речеме, политичари?“, пишува Џабир Дерала во „На полковникот нема кој да му пишува“.

„Мицкоски е полн со бисери и признанија кои потсвесно му избиваат на површината во неговите јавни настапи. Впрочем, не е единствен во партијата. На интервју на МТВ (21 декември), Мицкоски не можеше да побегне од својата потсвест, па го цитираше премиерот Зоран Заев“, коментира Џабир Дерала.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ